Британската влада конечно ја лансираше својата проблематична апликација за паметни телефони за да помогне во следење на коронавирусот во Англија и Велс - четири месеци по предвидениот рок.
Обновената апликација, која за прв пат беше планирана кон крајот на мај, користи Bluetooth за да ги предупреди корисниците доколку поминат 15 минути или повеќе на два метра од друг корисник, кој позитивно бил тестиран на ковид-19.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Алатката, која ќе биде достапна на повеќе јазици на „Ајфон“ на „Епл“ и на разни телефонски брендови кои го користат оперативниот систем „Андроид“, нуди подобра функционалност, вклучително и резервирање тест и проверка на местата со користење на QR-кодови.
Архитектот Питер Бејнс вели:
„Утрово ja симнав. Утрово слушав на радиото, беше на вести дека е достапна и скоро во исто време имав порака од еден наш клиент да кажам дека ако дојдам, ќе треба да ја имам апликацијата и оти нема да добијам пристап до страницата сè додека не го скенирам QR-кодот“, вели тој.
Апликацијата се потпира врз софтвер развиен од американските технолошки гиганти „Епл“ и „Гугл“.
Таа во обид да ја смири загриженоста за приватноста ги чува сите податоци генерирани на телефоните на луѓето и дозволува информациите лесно да се избришат.
Апликацијата се појави по неколкумесечно одложување поради проблемите со протекување на лични информации меѓу волонтерите на островот Вајт крај јужниот англиски брег и во источниот дел на Лондон, Њухам.
Видете и ова: Бретон: Користење на коронавирус апликации само доброволноДржавната национална здравствена служба (НХС), која ја разви алатката, ги напушти своите првични напори да создаде поцентрализиран систем за собирање податоци откако се појавија проблеми.
Пресвртот уследи по предупредувањата на технолошките експерти дека апликацијата ќе биде помалку ефикасна и оти треба да се префрли на софтверот на „Епл“ и „Гугл“.
Стефан, здравствен работник, вели:
„Знам дека владата се обидуваше да го спроведе тоа некое време, а потоа на крајот имаше малку проблем со тоа, но знам дека тоа беше малку одложено. Тоа е сè што знам“.
Секретарот за здравство Мет Хенкок изјави дека преработената алатка е „важен чекор напред во борбата против овој невидлив убиец“.
„Работевме интензивно со технолошки компании, меѓународни партнери и експерти за приватност и медицина за да развиеме апликација безбедна и едноставна за употреба“, изјави тој.
Шкотската влада лансираше своја апликација претходно, додека Северна Ирска ја пушти својата алатка за следење на паметните телефони во август.
Ефикасност под прашалник
Сепак, некои се сомневаат колку ќе биде ефективна апликацијата на Државната национална здравствена служба.
Независната добротворна организација „Здравствена фондација“ забележа дека резултатите од пилот тестовите во текот на летните месеци допрва треба да бидат објавени и оти апликацијата не требаше да се пушти пред да биде сторено тоа.
Видете и ова: Вудворд: Трамп ја криеше од нацијата вистината за Ковид-19Различни апликации за следење на коронавирусот кои се појавија ширум светот - честопати потпирајќи се врз истата технологија на „Епл“ и „Гугл“ и досега имаа различен успех.
Многумина се соочија со предизвици, од проблеми со приватноста, до технички грешки и разочарувачка ефикасност.
Сем, продавач, вели:
„Генерално, јас сум љубител на тоа, единствената грижа ми е колку апликацијата ќе биде чувствителна. Очигледно сега е достапна за пошироката популација, ќе видиме колку добро работи, како и сите апликации што ќе направат да биде интересно да се види како ќе се претстави во првиот месец или така“.
Британските власти се надеваат дека од 10 до 30 проценти од населението ќе ја преземе апликацијата во Англија и Велс, во согласност со искуствата на другите земји и пилот-тестовите, за кои тие инсистираат дека ќе помогнат во спречувањето на пренесувањето на вирусот.
Британската влада започна со емитување телевизиски реклами со слоганот: „Заштитете ги вашите најблиски. Преземете ја апликацијата“.
Архитектот Питер Бејнс, вели:
„Почнувам да мислам дека е добра идеја, да. Мислам дека отсега треба да ја држиме малку линијата, со цел да престанеме да се одвива ова нешто со месеци и месеци“.
Но, довербата во справувањето со пандемијата на премиерот Борис Џонсон опадна.
Имаше поплаки дека луѓето не можат да се тестираат бидејќи немало термини во центрите за тестирање и покрај тврдењата на владата за значително зголемен капацитет.
Џонсон деновиве објави низа нови ограничувања, вклучително и рано затворање на пабовите и повторно побара од луѓето да работат од дома, ако е можно.
Британија бележи по околу шест илјади нови случаи дневно.
Владините советници предупредија дека земјата може да се соочи со 50 илјади заразени на ден до средината на октомври и стотици дневни смртни случаи неколку недели подоцна, ако не бидат преземени превентивни мерки веднаш.