Госпоѓо Андрикиене, вашата мисија сега вклучува девет експерти. Дали се тие доволно за да се гарантира релевантен извештај за изборниот процес и денот на гласање?
Нормално, во нормални околности, форматот ќе беше изборна набљудувачка мисија со стотици долгорочни и краткорочни набљудувачи како што имаше во Северна Македонија. Но, поради пандемијата со Ковид и здравствената состојба во светот и одделно во вашата земја секако и во регионот на ОБСЕ, ОДИХР требаше да се прилагоди на сегашната состојба. Мисиите испратени во различни земји за време на овој период, како на пример во Србија за нивните парламентарни избори, во Полска каде што имаше претседателски избори, вториот круг е на 12 јули во недела и во Северна Македонија форматот е специјална мисија за проценка на изборите. Тука во Македонија има девет членови, од девет земји членки на ОБСЕ. Нашите експерти и аналитичари покриваат бројни области меѓу кои изборната администрација, избирачки список, изборната кампања и финансирањето на кампањата, медиумското покривање на кампањата исто така и поплаките и механизмите за разрешување на несогласувањата и целосната правна рамка за изборниот процес. Дополнително во нашиот мандат овој пат имаме еден важен елемент, тоа е детален медиумски мониторинг за целиот период на кампањата кој исто така ќе биде дел од нашата оценка за парламентарните избори во Северна Македонија. Сметам на вашето разбирање дека во денешната ситуација секако ќе дадеме се од себе и дека ова ќе биде успешен мониторинг и набљудување. Не помалку ние даваме приоритет на безбедноста на набљудувачите и граѓаните и сакаме да го минимизираме епидемиолошкиот отпечаток во оваа земја.
Каква е вашата оценка за досегашниот тек на изборната кампања?
Не можам да ви ја кажам нашата оценка, многу е рано бидејќи според нашите правила и нашиот мандат ќе бидеме подготвени да ја споделиме со вас нашата оценка ден по изборите, на 16 јули. Ќе одржиме прес конференција и ќе ги преставиме нашите видувања. Во меѓувреме ние сме во процес на набљудување но не може да споделам никаква оценка.
Каква е вашата порака за денот на гласањето?
Гласањето почнува уште в понеделник, така што имаме помалку од една недела до него. Во понеделник и вторник и потоа денот на гласањето е во среда. Сите кои живеете и работите во земјава строго следете ги националните здравствени протоколи. Тоа е дел од нашите животи сега и секако, знаете, целиот изборен процес, сите засегнати страни се обврзани да го прават истото, мислам изборната комисија, учесниците на овие избори и исто така набљудувачите. Да видиме каква ќе биде излезноста во вашата земја. Чекам да ја видам излезноста во Хрватска, тие имаа избори минатата недела и одѕивот беше 46 отсто, помалку од претходно, но тоа е добар процент на граѓани кои го искористиле правото на гласање. Во Србија излезноста беше нешто над 50 отсто, во Полска беше висока, тие имаа претседателски избори. Така што ајде да видиме каква ќе биде излезноста во Северна Македонија. Знаете не можам да кажам нешто повеќе во овој момент, но може да и посакам се најдобро на вашата земја и луѓето кои живеат тука.