Русија има нов премиер, откако претседателот Владимир Путин предложи бран уставни измени што би можеле да го продолжат неговото владеење по напуштањето на функцијата претседат. Путин при претставувањето на владата рече:
„Ви посакувам успех уште еднаш и се надевам дека ќе направите сè што е во ваша моќ, така што целите што ги наведов ќе бидат постигнати.“
Поранешниот премиер Дмитри Медведев и неговиот кабинет се повлекоа на 16 јануари, отворајќи го патот за Михаил Мишустин, 53-годишен шеф на даночната служба. Тој кога се претстави во Думата изјави:
„Денес треба да се ослободиме од прекумерната бирократија, да разбереме што се случува и зошто не е сторено толку брзо како што беше ветено.“
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Мишустин има мал јавен профил - освен што е познато дека игра хокеј на мраз со Путин - и за него не се зборуваше како потенцијален кандидат.
Овие фактори се навидум дел од стратегијата на Путин да отвори можност да ги намали овластувањата на претседателот - и да ги засили оние на премиерот.
Аналитичарите го нарекоа Мишустин „технократски односно технички чувар на местото.“ Тој неизбежно ќе се смета за можен наследник на претседателската функција. И во суштина, тоа би му дало на Путин опции за, преземање на засилената улога како премиер по 2024 година.
Путин тогаш е должен да го напушти претседателството, извршувајќи ја улогата како шеф на државниот совет, или дури и да стане претседател на нов парламент.
Политичкиот аналитичар Константин Калачев вели:
„Се чини дека за Путин има само проблем со луѓето, а не и проблем со системот во целина. Тој смета дека доаѓањето на луѓе кои можат да покажат голема дисциплина и упорност може да ги реши сите проблеми.“
Критичарите долго време го обвинуваат Путин, поранешен офицер на КГБ, за заговор да остане на некаква функција откако неговиот мандат ќе заврши со обид да ја искористи власта над најголемата нација во светот - и една од две најголеми нуклеарни сили.
Глеб Павловски, политички аналитичар вели:
„На овој начин, со замаглување на линиите, Путин се прави себе си незаменлив, како „инструктор“ кој може да им покаже на сите како да го користат овој нов политички систем“.
Путин управува со Русија веќе две децении.
И за многумина, тој се смета за извор на стабилноста во Русија.
Но, други се жалат дека тој бил на власт предолго, дека нивните пензии и животниот стандард постојано се уништуваат и оти сиромаштијата е широко распространета, а здравството е лошо.
Путин рече дека новите уставни предлози треба да бидат ставени на референдум.
Токму тоа за некои критичари на власта како Михаил Ходорковски поранешен олигарх кој се наоѓа во егзил претставува своевиден „уставен пуч“ и оти Путин прави се за да ја задуши реакцијата на јавноста. Ходорековски вели:
„Режимот прави се за да ги спречи луѓето да реагираат. Целиот процес изгледа како остар укор на општеството“
ReplyReply allForward