Достапни линкови

Кога светските лидери излегуваат од протоколот


Пекол, сладолед и дволичност
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:20 0:00

Пекол, сладолед и дволичност

Светските лидери понекогаш со своите изјави, но и постапки излегуваат од рамките на протоколот и строгите стандарди на однесување и обраќање. Ви пренесуваме некои од нив што се случија во 2019 година.

Еден ден пред тогашниот британски премиер Тереза Меј да се сретне со претставници на ЕУ за да го преработи договорот за излегување на Британија од Унијата тогашниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск изјави:

„Се прашував како изгледа тоа посебно место во пеколот за оние кои го промовираа Брегзитот без дури и нацрт план како да го направат безбедно“.

***

Претседателот на Филипините Родриго Дутерте, по барањето на Исланд, Обединетите нации да ја истражат неговата крвава војна против дрогата рече:

„Исланд, што е проблемот со Исланд? - Само мраз. Тоа е вашиот проблем, имате премногу мраз и немате јасен ден или ноќ таму. Тоа е како четири часот наутро и ноќ. Значи, можете да разберете зошто нема криминал, нема ниту полицаец, и тие само јадат мраз. Ова е глупаво, тие не ги разбираат социјалните, економските, политичките проблеми на Филипините“.

***

Претседателот на САД, Доналд Трамп се навреди поради изјавата на данскиот премиер Мет Фредериксен дека продажбата на Гренланд е „апсурдна“. Претходно Трамп изјави дека Вашингтон е заинтересиран да го купи Гренланд: „Но, помислив дека изјавата на премиерот е апсурдна, тоа беше апсурдна идеја, гадна. Мислев дека тоа е несоодветна изјава. Сè што требаше да стори е да каже: „не“ ние не сме заинтересирани, но не можеме да се однесуваме кон Соединетите држави како што не третираа со претседателот Обама“.

***

Рускиот претседател Владимир Путин го третираше својот гостин Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган со локален сладолед, откако двајцата лидери присуствуваа на еден саем за воздухоловство во Русија. „Да ќе го платам сладоледот. Тој е мој гостин“, рече Путин на прашањето на Ердоган.

***

Разговорот помеѓу канадскиот премиер Џастин Трудо, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот Борис Џонсон ги засени работите на самитот на НАТО во Лондон. Трудо на приемот во Бакингемската палата опиша како биле изненадени американските официјални претставници од прес конференцијата на Доналд Трамп.

„...Беше како 40-минутна прес-конференција... ох, да, 40 минути ... „Само што видов како вилиците на неговиот тим паѓаат на под“.

***

Следниот ден Трамп не се осврна врз овие оценки на Трудо туку рече дека тој бил е вознемирен затоа што го предизвикал поради тоа што не успеал да ја исполни целта за трошење 2% од националното производство на одбраната.

„Тој е дволичен. Искрено, Трудо, е фин човек, сметам дека е многу добар човек. Но, вистината е што му посочив на фактот дека не плаќа 2 насто и претпоставувам дека тој не е многу среќен за тоа“.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG