Последниот руски војник замина од Косово во 2003 година, ама Руската политика остана до ден денес и одигра значајна улога во забавувањето на евроинтеграциите на Западен Балкан. Последниот војник замина, но, како што стои во најновиот извештај на Институтот за безбедносни студии при ЕУ, дојдоа други московски играчи кои хараат низ Македонија, Србија, Косово, БиХ...
Тие играчи се некои енергетски гиганти, проруски медиуми, регионални политичари и неколку планови како асови во ракавот што може да ги искористи за распламтување на регионални конфликти во своја корист, а како пречка за евроинтеграциите на Западен Балкан. Тие „нови војници“ не си заминуваат од Балканот и се дел од адутите во ракавот на Кремљ.
Руските мигови како пример за покажување сила
„Военото присуство е заменето со енергетски гиганти кои се здружени со неколку контроверзни бизнисмени. Во енергетиката Русија го спречува напредокот во поглед на диверзификацијата на енергетските пазари во Западен Балкан“, стои во извештајот на ЕУ Институтот за безбедносни студии.
Видете и ова: Што има ново во новата стратегија на Путин?Таа експанзија на „војници“ од моќниот енергетски сектор, кого Кремљ долго време го поттикнуваше да инвестира во стратешки цели, полека им отстапила место на се поголемите руски активности во областа на безбедноста, додаваат експертите од Институтот.
„Русија настојува да прикаже колку е силна и дека така силна се вратила на Балканот да им помага на своите словенски браќа. Еден пример за тоа се шесте руски борбени авиони Миг за Србија“, се вели во безбедносниот извештај.
Со сопките на Балканот, Путин си ја засилува позицијата и дома
На прв поглед, додаваат експертите, со тие активности успешно го спречува речиси секој чекор што го прават балканските земји на патот кон НАТО и ЕУ. Тоа, пак од друга страна, му помогна на Путин да за зацврсти својата популарност и да засили сликата за него во јавноста.
Видете и ова: Чекајќи датум: Нагазни мини за Македонија и БалканотПоради тоа, велат од Институтот, Русија се уште има асови во ракавот кои може да ги искористи да игра во Косово и во БиХ, како би ги забавила евроинтеграциските процеси и би ги оставила претендентите за ЕУ и за НАТО заробени во моменталните кризни ситуации.
Затоа, се наведува во заклучокот на извештајот на ЕУ Институтот за безбедносни студии, „стратегијата на ЕУ во наредните години мора да биде не само туркање против непријателските акции од Русија против западно-ориентираниот Западен Балкан, туку и многу поголеми напори за охрабрување да се почнат и да се направат големи реформи.