Достапни линкови

Чекајќи датум: Нагазни мини за Македонија и Балканот


Без датум од ЕУ - Балканското оро ќе го водат авторитарни режими
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:43 0:00

Без датум од ЕУ - Балканското оро ќе го водат авторитарни режими

Без датум за преговори за членство во ЕУ, може да активираат 5 политички нагазни мини на Балканот, а со тоа и во Македонија, покажуваат политичките анализи, меѓу кои и онаа на „Фајненшал тајмс“, според која, тоа ќе ги активира и авторитарните режими и недемократските странски влијанија на Балканот.

Последните неколку месеци, бројни политичари, политички експерти и аналитичари предупредуваат дека ако не се исполнат ветувања што ЕУ им ги даде на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја тука и Македонија, може да се случи историска грешка.

Едни од тие аналитичари се и коментаторите на весникот „Фајненшал тајмс“, според кои, „ако ЕУ одлучи прво да се реформира, па да дава датуми за преговори за членство, тогаш ќе се соочи со небалкански влијанија од Русија, Кина Турција...

„Таа историска грешка ќе активира најмалку 5 балкански нагазни мини. Тие се: Враќање на ултранационализмот во Македонија, блокада на решавањето на спорот за Косово, разгорување на т.н. идеја за Голема Албанија, ескалација на политичките и верските различности во БиХ и се поголема доминација на одредени светски сили на Балканот, што би водела кон регионална дестабилизација и намалено влијание на ЕУ“, предупредува „Фајненшал тајмс“.

Демотивација и будење на идејата за „Голема Албанија“

Според директорот на Центарот за регионализам, Александар Попов, Македонија со полно право очекува да биде наградена за решавање на спорот со Грција, но и за искрената намера да го реконструира целото свое општество кор е затруено со национализам и во кое години на назад има нарушено владеење на правото.

„Ако не дојде до таа награда за Македонија, тоа не само што ќе ги демотивира македонските граѓани, туку може и да го охрабри тежнеењето кон идејата за голема Албанија. Таа идеја не е само локална приказна, туку е нешто што може да го зафати цел Балкан“, вели Попов.

„Куршум“ за ЕУ-проширувањето

По охрабрувањата до пред еден месец дека Македонија ќе добие датум во преговори јуни, сега дојдоа охрабрувања да се продолжи по европскиот пат зошто тоа ќе се случи најдоцна во октомври. И тоа, велат експертите, некој може да го сфати како уште еден чекор поблиску да се згазне некоја од балканските „политички нагазни мини“, па дури, како што вели професорот од Универзитетот во Грац, д-р Флоријан Бибер, тоа би бил крај на напорите за проширување на ЕУ.

Ова, вели професорот, може да ја втурне владата во Скопје во тешка криза, а на опозицијата, која веќе аргументира дека промената на името било лесноверна отстапка на Владата кон ЕУ без противуслуга, ќе ѝ даде поттик. На некои од властите на Балканот, пак, тоа ќе им овозможи да прават псевдореформи и да се одржуваат на власт со популистички и авторитарни средства.

„Де факто, тоа е смртоносен куршум за ЕУ-проширувањето. А без реформската ЕУ-перспектива, ќе дојде до повеќе популизам, а некои од властите во балканските држави ќе се свртат кон други партнери настрана од ЕУ, на пример Русија, Турција или Кина“, вели д-р Бибер.

XS
SM
MD
LG