Три недели поминаа откако премиерот Зоран Заев ја најави таканаречената метла за сите во владините структури кои не ја вршат работата добро. Таа најава беше веднаш по првиот круг претседателски избори. По вториот круг избори, пак, тој зема слободни денови, кои како што вели, сега на првиот работен ден по краткиот одмор, ги искористил со другарите, во странство, но и за концепирање на идните одлуки поврзани со реконструкцијата.
“Овој период ќе го искористам за конечни консултации, така што верувам дека во почетокот на јуни ќе излезам комплетно со промени во раководни структури на министерско ниво, во државните институции, а верувам дека некаде кон крајот на јуни ќе се пуштиме и по вертикала, односно во самите општини каде што државата е преставена со одредени државни институции”, рече Заев.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Според неговата најава ќе се менуваат министри, нивни заменици, директори, но сепак не презицираше за колкава бројка се работи. Тој, како партиски претседател, најави промени и во неговата партија СДСМ, наведувајќи ги и критериумите по кои ќе се правеле кадровските промени.
“Тоа се ароганцијата, неисполнувањето на одредени очекувања, неагилниот однос на одредени носители на високи функции, тука е и непотизмот, антикорупциска тоа што го покажа...сите овие аспекти ќе бидат ќе бидат согледани”, рече премиерот.
Марко Трошановски од Институтот за демократија, пак, сугерира дека мора да постојат конкретен систем и критериуми за оцена и на јавната администрација, но и на носителите на високи функции, како министри за да се избегне впечатокот за политичка пресметка.
Според него, министрите кога ќе стапуваат на позицијата треба да поднесуваат акциски план кој би бил во согласност со стратегијата на институцијата и потоа да се цени нивната работа врз основа на реализираното. Што се однесува до анализата за оние што потфрлиле, Трошановски смета дека требала да биде готова и пред изборите, сепак додавајќи дека најавениот јуни за промени и не е така доцна.
Видете и ова: Надвор „блескави“, внатре нереформирани“Но, мислам дека во меѓувреме се храни скепсата и разочараноста кај граѓанството за суштинска посветеност на реформите. Ако реконструкцијата се случи во јуни, па и во јули и се заснова на објективни критериуми и врз основа на заслуги и квалитет доведе нови кадри, тогаш ќе биде незначително дали се случила порано или покасно”, вели Трошановски.
Заев, следните петнаесетина дена покрај за промените во владините структури ги најави и како важни за интегративните процеси на земјава. Во контекст на добивањето на датум за почеток на преговори со Европската унија тој ја нагласи и важноста на решавањето на статусот на Специјалното јавно обвинителство и носењето на законот за безбедносни служби.