Слепите лице немаат многу можности за забава, па шахот им е една од најомилените друштвени игри. Само што шах за слепи е тешко да се набави зашто го нема во Македонија, а од странство е скапо да се купи со оглед на тоа дека дел од нив се невработени или со ниски примања.
Видете и ова: Тетово затворен град за слепи луѓе„Тие шахови се специјални и ги нема во Македонија. Релјефни се, специјално направени со табли. Еден релјефен шах заедно со часовник чини од 200 до 300 евра и вакви реквизити за друштвени игри во Македонија нема, па треба да се набават од странство. Релјефниот шах е поразличен. Фигурите се ставаат во дупчиња со дрвце надолу за да не паѓаат. Шахот го играме со допир и со говор. Има играчи кои ја знаат цела релјефна табла на памет и сите потези ги знаат пред време“, вели Стевче Костадиновски, претседател на Здружението на слепи лица од Битола.
Најчесто со вакви шахови располагаат здруженијата, Ресурсниот центар во Битола, па тие се сврталиште на лицата со оштетен вид. Денес има повеќе друштвени игри за слепи лица, но и тие треба да се купат од странство, па ретко кој од слабовидните лице ги има во своја домашна колекција.
„Има домино, карти, „Не лути се човече“ за слепи, човечињата во дупчиња се ставаат, а коцката е релјефна, со допир да се почувствува бројот“, вели Костадиновски.
Слепите лица кои добро играат шах од цел Балкан еднаш годишно се собираат на меѓународен турнир во Битола. Во Македонија се одржа и Олимпијадата во шах за слепи лица и има наши шахисти кои и на светско ниво постигнувале големи резултати.
Видете и ова: Можат ли слепите во Македонија да успеат?„Имаме традиционален турнир, кој почна пред 25 години да биде и меѓународен, доаѓаат и слепи лица од Србија, Бугарија. Во Македонија се одржуваше и Олимпијадата во шах за слепи лица. Од Битола имаме двајца врвни светски играчи. Едниот 25 години првак на Македонија, петти на Светско првенство, а другиот шести на Олимпијада“, вели Костадиновски.
Шахот е игра број еден за дружба и кај слепите и слабовидни лица од соседството.
„Кај нас во Србија многу од слепите играат шах, шахот ни е игра број еден за дружење во Србија. Имаме и школа за шах, па четворица млади со оштетен вид се прваци во Србија. Инаку во Здружението сè повеќе доаѓаат постари лица кои го губат видот од дијабетес“, вели Миливоје Ѓоќиќ, претседател на Организација на слепи и слабовидни лица од Лесковац, Србија.
По повод 4 Ноeмври, Денот на ослободувањето, во Битола се одржува меѓународен турнир во шах за слепи лица, а присуствуваа учесници од целиот Балкан.
Во градот има и двајца битолчани со оштетен вид кои се врвни шахисти. Едниот е првак во Македонија и освоил петто место на светско првенство, а другиот бил шести на Олимпијадата.
Покрај шах, постои и домино за слепи, не лути се човече, релјефни карти, а компјутерот со брајово писмо чини седум илјади долари.