Кампањата за претседателските избори можеби официјално не е започната, но затоа кандидатите ги користат сите можности да им се додворуваат на гласачите. Пред сè на социјалните мрежи, каде може да се забележи дека се води и лична битка меѓу нив. Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова, е повеќе фокусирана на внатрешната политика. Од екологија, загадување до идентитет, правен систем и животен стандард. Додека кандидатот на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски, повеќе е посветен на надворешната политика и перспективите кои се отвораат од неа, како и овозможување на правда за сите.
Видете и ова: „Натпартиски“ претседателски кандидати со партиска агендаСилјановска отвори профил на Твитер, а Пендаровски на Инстаграм. Заедничко за двајцата е дека ќе се залагаат за подобри услови за студентите и младите, како и тоа дека ќе бидат претседател на сите граѓани.
„Ветувам дека како претседателка ќе се залагам за истакнување на сите проблеми со кои се соочуваат граѓаните и дека секогаш ќе бидам на страната на народот“, истакна Силјановска.
„На Македонија ѝ е потребен вистински претседател кој ќе работи исклучиво во интерес на сите граѓани, подготвен сум да водам напред. Мојот концепт е за напред, тој на Силјановска за назад“, порача Пендаровски.
И двајцата инсистираат дека се натпартиски кандидати. Но, Силјановска - Давкова не пропушта прилика да го спомене „заевизмот“ и лошите политики на актуелната власт. Нејзиниот противкандидат Пендаровски пак го користи „груевизмот“ за да се осврне на лошите политики на претходната власт.
Видете и ова: Дали Џафери ќе биде „победник“ на претседателските избори?Професорката по уставно право засега повеќе користи прилики да го нападне Пендаровски и таа на Твитер има и хаштаг „Извини Стево“.
„Стево, извини што Груевски ви избега и што никој од владата на Република Македонија (без тоа на С) не поднесе ни најмала одговорност за бегството.“
„Стево, извини што не го продадовте мерцедесот на Грујо и што граѓаните се возат во стари и неисправни амбулантни возила. Најбитно е Заевизмот да си се вози. Возиме напред!“
„Стево, извини за тоа што ги амнестиравте вратарите на терористите“, пишува таа.
Пендаровски, пак, само во една прилика ѝ се спротивстави. Токму за случувањата на 27 април во Собранието.
„Со луѓе како Силјановска кои не осудуваат насилство Македонија не може да оди напред“, напиша тој на Твитер.
На неформален начин Силјановска го покани Пендаровски на ТВ дуел, кој неколку дена по повикот прифати.
Видете и ова: Аномалиите на претседателската кампања„Рок музика, одлично друштво и една идеја да отворам Твитер… и тука го чекам Стево на дуел… секаде… во секое време!“, напиша Силјановска на Фејсбук.
„Се разбира дека ќе има дуел, помина времето на Груевски кој 11 години одбиваше дуели“, возврати Пендаровски.
Но, според неговите зборови ТВ дуелот може да се очекува по официјалниот почеток на кампањата на 1 април. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ преку соопштенија редовно ги напаѓаат против кандидатите.