По работна средба на СДСМ со коалициските партнери на која се постигна начелна согласност на лидерско ниво, да застанат зад заеднички кандидат за претседател на државата, аналитичарите велат дека граѓаните ќе бираат претседател меѓу двајца кандидати на претстојните претседателски избори. До нивниот коментар доаѓа откако ВМРО ДПМНЕ ја избра професорката Гордана Силјановска за нивен кандидат, а во насока на договање на заеднички кандидат денеска се среќаваат премерот Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Видете и ова: Гордана Силјановска Давкова - претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕАналитичарот Насер Зибери вели дека има индикации дека партиите од парламентарното мнозинство ќе се договорат да подржат заеднички канадидат Тој вели дека формално може да има преговори меѓу СДСМ и ДУИ, но оти кандидатот за претседател ќе го предложи СДСМ како најголема партија. Тој очекува во меѓувреме да се прошири и листата на кандидатури за претседател.
"Мислам дека уште во првиот круг ќе се собере сериозен корпус кој ќе застане зад тој кандидат. Мислам дека другите партии ќе го подржат кандидатот на СДСМ. Формалано може да има преговори, но кандидатот ќе биде од СДСМ а листата ќе биде поширока од оние што беа правени" изјави Зибери.
Конкурсот на СДСМ за пријавување на кандидати за претседател на државата завршува утре, а кој ќе ја претставува владејчката партија во претседателската трка ќе се знае на конгресот закажан за 3 март. Единствен кој досега има поднесено кандидатура за претседател од СДСМ е поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов. Во јавноста пак, се шпекулираше со повеќе имиња на можни кандидати од СДСМ. Вицепремиерите Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски се најчесто споменуваните имиња за можни кандидати.
Видете и ова: СДСМ и коалиционите партнери со заеднички кандидат за претседателВМРО-ДПМНЕ на партискиот конгрес, што се одржа во саботата во Струга ја избра професорката на Правниот факултет во Скопје, Гордана Силјановска Давкова за нивен претседателски кандидат.
Деновиве Вицепремиерот Бујар Османи изјави дека концептот на консезуален претсеадтел е дефиниран како надетнички и надпартиски, и оти не е важно да се прогнозира епилогот од кандидатот, односно етничката или партиската определба
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во интервју за медиумите изјави дека тој ја пружил раката за соработка со албанската опозиција за заеднички кандидат Албанец, но за жал, двете опозициски партии го одбиле. Тој истакнува дека има волја да се постигне договор за консензуален кандидат за претседател на денешната средба со коалициските партнери, но оти тоа зависи од двете страни.
Во пресрет на првата средбата на Заев и Ахмети, аналитичарот Митко Гаџовски вели дека има простор за договор и оти има кандидати кои ги исполнуваат условите и критериумите на двете партии за тој да биде консезуален претседател.
"Не ја исклучувам можноста некои од кандидатите што се споменуваа од СДСМ во изминатите денови да ги исполнуваат условите и за консезнзуален кандидат", вели Гаџовски
Во врска со темите кои би биле опфатени во претседателската кампања Гаџовски вели дека во фокусот на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ ќе биде ревидирaњето на Преспанскиот договор.
"Кампањата на ВМРО ДПМНЕ ќе биде на картата на враќање на како што велат тие, изгубеното име Република Македонија. Незнам како и во која насока ќе се движи кампањата, но ќе се оди на карта да се ревидира Договорот и сите правни норми кои може да се искористат. Околу тоа ќе се базира кампањата на Силјановска. Се уште е рано кој ќе биде незјин против кандидат кога ќе се знае името ќе може да збориме за темите"вели Гаџовски.
Зибери вели дека она што е извесно е дека престојните претседателски избори во земјава ќе имаат биполарен каракер.
"Биполарноста ќе биде изразена бидејќи нема да има повеќе платформи и кандидати туку ќе се сконцентрира на двајца до тројца канадидати. Тоа ќе оди во насока на поделба на општеството меѓу десни или леви и се разбира приклучоците кон нив. Нашето општство оди полека да се создаде таа општа поделеност која е и во светот профилација на политика и иделошка основа", вели Зибери.
Зибери дополнува дека очекува изборите да поминат во најдобар ред со оглед и на очекувањата на Меѓународната Заедница за членство на земјава во НАТО што ,според него, треба да влијае сите учесници да бидат повнимателни.