Општина Тетово до нови автобуси со нови долгови

Совет на Oпштина Тетово.

Општината со пари од Светска банка ќе набави пет автобуси за градските потреби. Дел советници реагираат дека така ќе се зголеми општинскиот долг и бараат други можности.

Советот на Општина Тетово одобри градот да земе кредит со
цел да се набават автобуси за јавен превоз, а со тоа да се подобрат состојбите во сообраќајот и заштитата на животната средина. Од друга страна, реакциите на дел од ссоветниците се дека дополнително ќе се оптовари локалната самоуправа со нов долг и дека не се искористени други опции за воведување на општински превоз на патници.

Општината ќе користи повик на Министерството за финансии за подобрување на општинските услуги. Така ќе се обезбедат доволно средства за набавка на автобуси, објаснува претседателот на Советот, Беким Мемети.

Од Светската банка Oпштината ќе зема пари со што ќе може да ја реализира истата цел. Снабдување со автобуси за градските потреби. Се работи за пет автобуси што се планира да се земат. И ќе се плаќаат во рок од 10 години“, вели првиот човек на Советот.

Александар Велјановски од ВМРО ДПМНЕ истакна дека претходниот состав на Советот при општина Тетово не искористи можност - преку договорена донација од град Скопје да се добијат бесплатни возила.

Претпријатието за јавен превоз беше формирано пред 3,5 години. Ги изработивме сите документи и истото помина на Совет но, за жал, градоначалничката тогаш морам да кажам дека не направи доволно напори за да обезбеди ова јавно претпријатие да заживее. Во соработка со градоначалникот на Град Скопје имаше договор со кој што е обезбедена донација на автобуси за град Тетово. Што стана со таа постапка и каде заглави навистина немам доволно информации да ви кажам, но како и да е таа не беше реализирана“, потсети Велјановски.

Пропуштена е шансата, наместо нов долг, изминатите години да се рестартира старото општинско претријатие за јавен превоз, смета Ариф Селами од Алијансата на Албанците.

„Ние порано имавме фирма, која што беше јака фирма „Полет“. Но од тоа време навака сите градоначалници не успеаја да ја вратат таа фирма за да може да се подигне така да може да функционира, поради лични интереси нечии. Иако во 2014 е формирано ова претпријатие „Тетово транспорт“ значи 4 години веќе ништо немаат работено. Се надевам дека ќе им „стоиме на врат“ и сега нешто ќе мора да се работи“, вели Селами.

Советниците не дозволија фирма да ги изгради автобуските постројки, а за возврат да става реклами кои само тие ќе ги наплаќаат. Владата во октомври одлучи да ги покрие половина од долговите на сите општини. Општина Тетово со 468 милиони денари е на второто место на најзадолжените локални самоуправи.