Дарко Алексов, извршен директор на граѓанската асоцијација „Мост“ во неделното интервју за РСЕ порачува „граѓаните добро да се информираат пред претстојниот референдум и да излезат на гласање, ова е референдум а не се избори, не се гласа за личности или за партија, се гласа за тоа како државата ќе се развива во следните пет или десет години“.
Кажувањето на Алексов е дочекано на нож, постовите се полни со јазик на омраза, со лични навреди. Горан Тозиевски, малку е поумерен и порачува дека има „Три опции, За, Против и Бојкот, така што не дрдорете глупости. Бојкотот“, напишал, „е легитимно право. Читнете малку Венецијанска комисија“ и на крај дури со седум извичници извикува: „Соросоиди“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
И Александар Митревски има негативен став спрема референдумот и Договорот со Грција, а постот му е во врска со информирањето, но си го толкува Договорот по свое: „И тие што сакаат да излезат, кога ќе се информираат и ќе го прочитаат договорот, ќе се фатат за глава и ќе бојкотираат. Кој нормален ќе излезе да се самоукине како народ? Не дечко, фала ти. Ќе си бојкотираме“.
Но Драган Бошков е ироничен: „Супер ни е иднинава 27 години, посебно последните 11 со лопурдите од ДПМНЕ“. Дури и новата изјава на опозицискиот Мицотакис дека „Договорот од Преспа на соседите им отстапува македонски јазик и македонски идентитет“, посетителите на нашата веб-страница ја сфаќаат како трик и со неверба: „Ова некако ми личи на замка за да исперат понекој мозок од нашите да гласаат“.
Според постовите, посетителите на веб-страницата не му веруваат ниту на премиерот Зоран Заев кој изјави дека ќе се повлече од политиката ако референдумот не успее. Данаил Дени Паланков коментира: „Ама да не се пишманиш на 30-ти пак“. И Вики Сашо Петровски има слично мислење: „Кој може тебе да ти верува, и Господ кренал раце, дали ќе има спас од тебе?“ Реџеп Ахмеди извикува спротивно: „Напред Заев, напред Македонијо во ЕУ и во НАТО!“ И Жаклина Лазаревска е позитивно настроена и напишала: „Според рејтингот што го има Зоран Заев да излезе на избори САМ ЌЕ ГИ ПОБЕДИ СИТЕ. ДПМНЕ во моментов е партија без соодветен лидер!!!“
За тоа дека барањето за помилување на Мијалков според аболицијата од Иванов Судот го одби, Марјан Лазаровски постирал: „За овој лопов – 100 години затвор“, а Тони Русовски прашува: „... бара да биде аболициран. Абе, вмровчиња, појасно ли ви е сега?“ Игор Вики Магероски е уште поостар: „Никако помилување... Овој... Грујо... Заев...Шекерка... Ахмети... Сите во една ќелија доживотно“.