Повикувањето на одлука на судот во Атина нема да им помогне на лицата кои се засегнати со ова прашање кај нас и кои бараат по аналогија оваа одлука да се примени и за нивниот случај, велат дел од правните експерти откако во јавноста деновиве повторно се актуелизира прашањето на аболиција на обвинетите во случаите на СЈО. Политичкиот аналитичар Насер Зибери дека обвинетите во случајот „Титаник“ нема да успеат да издејствуваат ист став во нашето судство
До неговиот коментар доаѓа откако Врховниот суд на Грција донесе одлука да не ги екстрадира Горан Грујевски и Никола Бошкоски, обвинети од СЈО во предметот „Таргет-Тврдина“ за уништување на опремата за прислушување во Министерството за внатрешни работи повикуавјки се на аболицијата на претседателот Иванов. На истата одлука сега се повика и Петар Василев, адвокат на Илија Димовски и Гордана Јанкулоска и двајцата обвинети во случајот „Титаник“.
Објаснувајќи зошто обвинетите во „Титаник“ нема да може да издејствуваат ист став, Зибери нагласува дека одлуките на судските органи во Грција не ги обврзуваат судските органи кај нас да ги применуваат тие одлуки. Но тоа не е единствената причина. Тој дополнува дека аболицијата на Иванов е донесена врз основа на веќе укинат закон од Устaвниот суд и оти истата подоцна е повлечена и од претседателот.
„Можеби одлуката на судот во Атина е заснована на мотиви кои нас не ни се познати. Но за да се донесе таква одлука тие требало да имаат предвид дека таа одлука на претседателот беше повлечена односно поништена, а уште повеќе што таа одлука беше правно невалидна зашто беше заснована на непостоечка правна норма“, вели Зибери.
Но, во јавноста одбивањето на екстрадицијата на обвинетите поранешни високи функционери во МВР од Врховниот суд на Грција и неговото толкување на поништената аболиција од некои партии во домашната јавност се толкува како мешање во внатрешните работи на Македонија и се бара и меѓународна поддршка за испорачување за Груевски и Бошковски .
Во врска со одлуката на судот во Атина, Зибери вели дека Македонија нема на располагање многу инструменти за екстардирање на Груевски и Бошковски.
„Може да се поведе постапка пред меѓународните инстанци за да се види заснованоста на одлуката на судот во Атина, но Грција е суверена држава и нивните судски одлуки не подлежат на корекција од нашите правни и правосудни институции. Македонија за жал не успеа во постапката за екстрадиција да го обезбедиме нивното присуство и тука да се соочат со нашата правда“ вели Зибери
Во врска со овој случај претходно обвинителката на СЈО Катица Јанева во својот говор во Собранието, потенцираше дека екстрадицијата на поранешните разузнавачи е клучна за решавањето на судскиот предмет, кој треба да даде одговори за тоа кој и под чија наредба нелегално прислушувал во земјава.
Дел од правните лица коментираат дека во овој случај затаиле нашите органи и бараат да има одговорност и за судиите кои дозволиле нивно бегство.
Во јавноста освен што има барања од државниот врв да преземат акција за враќање на обвинетите од Атина, се истакнува и дека во спротивно сите ќе се сметаат за соучесници во постапка за разградување на правосудниот систем.
Професорката Мирјана Најчевска вели дека проблемот не е во политичкото делување туку во отсутвото на препознавање на правната грешка која не била соодветно санкцинирана кога преседателот Иванов пред две години ја донесе одлуката за аболиција.
„Не е проблем дали има или не политичка заднина. Проблемот што и тогаш и сега дозволуваме еден неправен акт да ни произведува сеуште дејствија и проблемот е во отсуството на препознавање на една правна грешка која требаше соодветно да биде санкционирана. Тоа што оставивме празнина и не го санкциниравме пртивправното дејствување на претседателот е проблем на политиката, која наивно веруваше дека понатаму не треба да се занимавме со тоа", изјави професорката Најчевска.
Инаку, пред две години, претседателот Иванов донесе одлука за аболиција на 56 политичари и функционери кои беа инволвирани во аферата прислушување и за кои се водеше постапка во Специјалното јавно обвинителство. По месец и половина од донесувањето на одлуката Иванов ја повлече ја повлече аболицијата за 22 политичари додека за останатите аболицирани остави простор самите да поднесат барање до него дека сакаат да биде повлечена аболицијата. До неговата одлука дојде откако во јавноста имаше жестоки реакции дека тој сака да заштити политичари од соочување со правдата.
И меѓународната заедница во неколку наврати порача дека повлекувањето на аболицијата е императив и дека за една земја кандидат за членство во ЕУ е недозволиво да остави простор за селективна правда и неказнивост