Веста дека во Скопје се затворени 13 угостителски објекти, поради непочитување на законските прописи за работното време, точење алкохол на малолетни лица и неиздавање фискални сметки во неделата беше главна вест во медиумите.
Граѓаните, ако се суди според постовите на ФБ на РСЕ, и во оваа акција гледаат политика, па Сашко Ноче прашува - „Дали од СДС симпатизери затворивте?“, а Владе Петровски го замолува СДСМ „да не глуми ВМРО-ДПМНЕ“. Ѓоко Георгиевски, пак, порачува:
„Наместо кафани, почнете да затворате мафијаши од старата власт. Тоа го чекаме цели 11 години“.
Во некоја мера песимистичкиот текст на Митко Арнаудов во нашата младинска он-лајн колумна дека „не знаеме колку е битно прашањето за членство во НАТО доколку секојдневието ни е исполнето со празни џебови“, го инспирирал Златко Гилан Спасовски да напише подолг коментар, речиси анализа на политичките состојби во земјава, за на крајот да напише дека сè додека не се создаде нова мешовита македонско-албанска политичка елита (под мешовита подразбира и припадници на сите други народи во РМ) која ќе има патриотска и визионерска политика и одговорност кон државата „ќе имаме само смена на власта, а не суштинска промена“. Мартин Ангеловски смета дека власта ја растура државата и го лаже народот со ЕУ и НАТО. „Фатете се за работа“, порачува Ангеловски во својот пост. Кирил-Кико Пејовски му одговара на Марио Раткоски кој смета дека влезот во НАТО ќе нè чинел држава, а џебовите ќе ни биле уште попразни:
„Да, сиромашни сме и ќе не кошта, но сигурноста е во прашање кога ќе ја погледнеш поблиската околина“, коментира Пејовски.
Нејдин Алили и Сашо Поптонев враќаат во реалноста. Првиот вели: „Ќе ве чини како 20 Груевци што украле“, а вториот кратко напишал: „Членство на Македонија во НАТО единствен излез“.
По изјавата на премиерот Заев во врска со спорот за името, се истуриле коментари и постови на нашата ФБ страница, главно негативни, па и со говор на омраза. Жарко Попов смета дека Заев му копал гроб на македонскиот народ, Стаменко Златков дека брзо ќе паднел ако мислел дека е на врвот, а Гого Мб напишал: „ЕУ и НАТО ама не по цена на името“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5