Претседателот Трамп оцени дека потегот на Путин ќе го намали „списокот за плати“ и „ќе заштеди многу пари“.
„Сакам да му се заблагодарам затоа што ние се обидуваме да се намалат нашите плати и колку што сум загрижен, јас сум му и многу благодарен што тој пушти да си одат голем број луѓе“, рече Трамп.
Ваквите негови забелешки пред новинарите во неговиот голф центар во Њу Џерси е прв јавен одговор на потегот на Путин.
Новинарите кои му поставуваа прашања на Трамп изјавија дека не било јасно дали американскиот претседател се шегувал за одлуката за протерување на 755 вработени во амбасадата и конзулатите во Русија поради новите американски санкции.
Тоа исто така беше долгоочекуван потег на Москва на одлуката на претходниот претседател Барак Обама за протерување на 35 руски дипломати и затворање на два руски имота за одмор во Соединетите држави.
Обама го стори тоа по наводите за руско мешање во американските претседателски избори.
Пред прес-конференцијата, Трамп имаше средби со потпртетседателот Мајк Пенс, со советникот за национална безбедност Ејч Ар Мекмастер и со шефот на неговиот кабинет Џон Кели.
Се наведува дека притоа се разговарало за стратегијата околу растечките тензии со Северна Кореја.
Таа деновиве најави дека планира да истрела четири ракети од среден дострел кон островот Гуам каде што има американски воени бази.
Трамп притоа ги зголеми заканите против севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
„Да видиме што ќе направи со Гуам. Ако направи нешто во Гуам, ќе биде настан што никој не го видел досега, она што ќе се случи со Северна Кореја“, рече Трамп.
И додека Белата куќа ги мери опциите за евентуалниот одговор, во светот расте загриженоста неколку за тоа дали неколку децениските тензии околу нуклеарната програма на Северна Кореја би можело да прераснат во отворен конфликт.