Достапни линкови

САД предупредуваат, Северна Кореја не се откажува


САД и Северна Кореја со нови предупредувања
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

САД и Северна Кореја со нови предупредувања

Соединетите држави ја предупредија Северна Кореја дека продолжувањето на нејзината нуклеарна програма би можело да доведе до, „крај на режимот и уништување на нејзиниот народ“. Веднаш потоа Пјонгјанг повтори дека не се откажува од плановите за лансирање ракети чија цел е американскот остров Гуам, на Пацификот.

Острото предупредување до Пјонгјанг дојде одамериканскиот секретар за одбрана Џим Матис.

Тоа следуваше откако претседателот Доналд Трамп на Твитер напиша дека американскиот нуклеарен арсенал е напобедлив и оти се надева оти нема да биде принуден и да го употреби.

Според секретарот Матис, Пјонгјанг треба да запре да се изолира и да престане да развива нуклеарно оружје.

Неколку часа по предупредувањето на Матис, Северна Кореја ја повтори заканата, односно дека ги финализира плановите за лансирање четири ракети од среден дострел во близина на островот Гуам на Пацификот на кој е сместена американска воена база.

Пјонгјанг ги отфрли американските предупредување како бесмислени, наведувајќи дека не може да преговара со претседателот Трамп кој бил, како што е наведено, „неразумен“.

Портпаролката на Стејт департментот Хедер Науерт изјави дека пораката на претседателот Доналд Трамп до Пјонгјанг била јасна и оти тој е на иста страна со другите во администрацијата во врска со неговите закани кон Северна Кореја.

„Без оглед дали тоа е Белата куќа, Стејт департментот или Минситерството за одбрана ние зборуваме со еден глас, И светот всушност зборува со еден глас. Го видовме тоа во Советот за безбедност на ОН со резулуцијата што помина“.

Според Науерт, притисокот на САД и другите земји врз Пјонгјанг функционира.

Со ова не се согласуваат дел од американските аналаитичари. Џим Шоф од Фондацијата Карнеги за меѓународен мир смета дека ваквите закани меѓу Вашингтон и Пјонгјан предизвикуваат страв особено во Јапонија и Јужна Кореја:

„Тие се во непосредно соседството каде ќе дојде реакцијата ако избереме да преземеме некаков воен удар, бидејќи решивме дека не можеме да ја толерираме оваа ранливост“.

Во меѓувреме Јужна Кореја и Јапонија соопштија дека го делат ставот на Вашингтон оти во случајот со Северна Кореја се разгледуваат сите можни опции.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG