Што е зад израелско палестинскиот спор за Ал Акса?

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Отстранета безбедносната опрема од џамијата Ал Акса

Палестинци изутрината се собраа пред стариот дел на Ерусалим за да го прослават укинувањето на израелските безбедносни мерки пред влезот на големата џамија Ал Акса, свето место и за мулсиманите и за Евреите.

Муслиманските верници протестираа пред џамијата и се судрија со израелските безбедносни сили откако Израел почна да поставува нови безбедносни мерки околу Ал Акса.

Претходно таму беа убиени двајца израелски полицајци. Построгите мерки за влез во џамијата ги предизвикаа најкрвавите судири меѓу Израелците и Палестинците во изминативе неколку години.

Во средата Израел ги отстрани детекторите за метал од влезот во едно од најсветите места на муслиманите во надеж дека ќе се смират нередите, но Палестинците сметаат дека модифицираните мерки се неприфатливи и натаму.

Овој спор, како и повеќето други во Светата земја, е многу помалку поради безбедносната опрема, велат аналитичарите. Според нив, ваквите работи најчесто прераснуваат во прашања за сувереноста, за верските слободи, за изреалската окупација и за палестинскиот национализам.

Палестинскиот аналитичар од Ерусалим Зијад ал Хамури вели:

„Тие се обидуваат да ги отстранат вратите и камерите и така натаму. Но, главната порака што ја испраќаат е дека тие сакаат да ја завршат окупацијата“, вели тој.

Со него не се согласува Лиат Колинс, уредник на весникот „Интернешнал Џерсуалим пост“ која вели дека со мировниот договор од 1994 година Израел има право да ги обезбедува светите места во Еруслаим.

„Да одбијат да влезат, особено сега кога детекторите за метал не се таму, ако продолжат со тоа, тогаш тоа покажува дека е само изговор и дека тие бараат изговор за ескалација на ситуацијата“, вели тој.

Заградениот Стар град на Ерусалим, во кој се наоѓаат светите места, Израел го окупира во војната во 1967 година.

Израел потоа го анектираше Источен Ерусалим, потег кој никогаш не е меѓународно признат.

Палестинците пак, тврдат дека Источен Ерусалим е нивен главен град. Ал Акса е третото најсвето место на муслиманите и едно од најсветите на Евреите.