Црна Гора и покрај руското противење, стана членка на НАТО

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Црна Гора стана членка на НАТО

Црна Гора и официјално стана членка на НАТО на церемонијата во Вашингтон на која беа предадени документите за нејзино пристапување. Притоа претставници на Црна Гора и на Соединетите Држави испартија јасни пораки до Русија а шефот на Алијансата се биде да ја намали загриженоста за американската посветеност на НАТО.

Шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дармановиќ му ги предаде документите, официјално познати како „Инструмент за пристапување“, на американскиот потсекретар за политички работи Том Шенон на церемонијата на која присуствуваа и премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Притоа потсекретарот Шенон изјави дека Црна Гора го потврди својот суверенитет со тоа што одбра свој сојуз иако се соочи со странски притисок.

„Црна Гора ги презема водство и менторство на НАТО сесрдно и спроведе значајни реформи вклучувајќи структурна трансформација на силите и модернизација и надградба на оперативните способности“, рече тој.

Црногорскиот премиер Душко Марковиќ оцени дека станува збор за историски настан за неговата земја кој покажува дека, како што рече, „никогаш повторно нема да се случи некој друг да решава за нас и нашата држава зад нашиот грб, како што беше во минатото“.

„Тоа исто така е потврда на она што никогаш не е доведено под прашање дека американците остануваат посветени на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан и Европа“, рече Марковиќ.

Членството на Црна Гора дојде во момент кога Алијансата минува низ извесни тезии меѓу нејзините членки особено по измешаните пораки од претседателот Доналд Трамп кој инсистира на пофер распоредување на финанските трошоци за одбраната.

Столтенберг кој присуствуваше на церемонијата во Вашингтон во врска со тоа изјави дека НАТО е сојуз на демократии и оти од време навреме се појавуваат, како што рече, различни политички перспективи.

„Но заедно, ние ги надминуваме овие разлики и сме обединети околу заедничката цел, да бидеме заедно, да се штитиме меѓусебно и ако е неопходно да се бориме за нашата одбрана“, рече Столтенберг.

Русија отворено застана против членството на Црна Гора во НАТО. Тоа, според Москва, е во спротивност со стотиците години на „братски односи“ меѓу двете земји.