Американските конгресмени исто така ја поддржаа и мерката со која се воведуваат нови рестрикции врз руски дипломати во САД.
Москва претходно остро го предупреди Вашингтон да не донесува ваква мерка.
Овие напори се дел од новиот буџетски закон од 1.100 милијарди долари за финансирање на федералната влада до крајот на оваа фискална година, односно 30 септември.
Голем број демократи и републиканци нагласија дека ширењето лажни вести, странското финансирање на политички партии, пропагандата и другите прикриени активности се индикација за агресивните руски напори за мешање или за уривање влади кои не се пријателски раположени спрема Москва.
Таканаречениот Фонд за борба против руското влијание посебно е наменет за Европа, односно граѓанските организации инволвирани во заштитата на владеењето на правото, медиумите и другите програми што ги зајакнуваат и зацврстуваат демокартските институции и процеси и за справување со руското влијание и агерсија.
Буџетскиот закон во четвртокот го усвои Сенатот, а ден претходно и Претставничкиот дом.
Демократите оценуваат дека победиле со тоа што спречиле во буџетот да бидат вклучени неколку приоритети на Трамп, како изградбата на ѕидот на границата со Мексико.
Белата куќа, пак, смета дека биле добиени повеќе средства за воени трошоци и оти се добило време за натамошна борба кон остварување на приоритетите на Трамп.
Од друга страна, Претставничкиот дом го усвои предлогот на републиканците за промена на системот за здравствена заштита.
Овој закон води кон исполнување на ветувањето на републиканците дека ќе го укинат „Обамакер“.
Тоа беше еден од приоритетите на претседателот Доналд Трамп кој веднаш го прослави успехот:
„Ова е извонреден план. Всушност мислам дека ќе биде и подобар. И ова, нема грешка е укинување и замена на Обамакер“, рече Трамп.
Сега законот треба да биде усвоен и во Сенатот каде што многумина сенатори сметаат дека тој треба да претрпи извесни промени.
Демократите и американсктото здружение на лекари кое има 250 илјади членови се против овој закон.