Претседателот Трамп им се заблагодари на членките на НАТО за нивната поддршка на неговата одлука во минатиот четврток за ракетен удар врз една воздухопловна база во Сирија по хемискиот напад врз цивили, додавајќи дека е време за крај на граѓанската војна во таа земја:
„Генералниот секретар и јас имавме продуктивна дискусија за тоа што НАТО може уште да направи во борбата против тероризмот. Се жалев во врска со тоа одамна и тие направија промени и сега се борат против тероризмот. Реков дека е застарено. Веќе не е застарено“, рече тој.
Притоа Трамп прецизира дека НАТО, чии членки треба повеќе да финансираат во Алијансата, прифатило поширока мисија против милитантите на Исламската држава што тој ја побарал.
„Би било прекрасно, како што разговаравме пред малку, ако НАТО и нашата земја можат да се согласуваат со Русија. Токму сега ние не сме заедно со Русија воопшто. Ние можеби сме досега на најниско ниво во односите со Русија“, рече тој.
Трамп додаде дека тоа се градело подолго време, при што наведе дека се надева оти ќе може да ги поправи односите со рускиот претседател Владимир Путин.
Трамп ова го изјави веднаш откако државниот секретар Рекс Тилерсон во Москва се состана со Путин.
Овие разговори американскиот претседател ги оцени за успешни, но наведе оти останува отворено прашањето каде ќе одат односите меѓу двете земји натаму.
Рускиот претседател Путин пред состанокот со Тилерсон во Кремљ оцени дека довербата меѓу Соединетите Држави и Русија еродирала откако Трамп стана претседател.
Сите надежи на Русија дека администрацијата на Трамп ќе води помалку конфронтирачка политика изчезнаа во минатата недела откако Трамп нареди ракетни удари врз Сирија како казна против рускиот сојузник за користењето хемсики гас против цивили.
Тилерсон имаше средба со Путин откако три часа разговараше со неговиот руски колега Сергеј Лавров.