Една таква инвенција е „Лебдечката камера“, мал дрон кој го следи нејзиниот сопственик го фотографира и го снима за време на неговите активности.
Креирана од „Зиро Зиро Роботикс“ оваа „селфи камера“ се разликува од другите по тоа што може да го најде и да го препознае својот сопственик.
Ванг Менгиу, осоновачот на оваа компанија со седиште во Пекинг вели:
„Па, она што го имам во моите раце е лебдечка камера. Ова е всушност летечки робот, летечко парче на вештачка интелигенција. Тоа е како ваш личен фотограф, ве следи и ви го снима животот“, вели тој.
За оние што некогаш сакале да искусат како е да се лета како суперхерој тука е „хиперкостумот“, симулатор за виртуелна реалност.
На корисникот му дава чувство на летање без да го напушти неговиот дом.
Том Сикард, коспоственик на француската компанија која го прави костумот вели:
„Сакавме да создадеме прво посредно средство за виртуелна реалност, своевидно домашно хибридно возило што ви овозможува да правите што сакате. Например можете да летате, да нуркате и се друго што не може да прави обичниот човек“, вели тој.
И доколку некогаш не знаете што ви фали во вашиот фрижидер, а сте во продавница тука е таканаречата „Фриџкам“, безжична камера развиена од „Смартер“, компанија со седиште во Лондон.
Камерата ја ставате во ладилникот и преку слики на вашиот мобилен можете додека сте во продавница да видите што ви недостига.
Тука е и „Кури“ домашен робот кој ви прави друштво дома. Мајкл Биби од „Мајфилд Роботикс“ вели:
„Ова е Кури, тој може да се програмира, многу паметен робот кој е супер симпатичен. Хај Кури. Може да игра криенка со вашите деца, да ви каже кога вашата сопруга доаѓа дома“, вели тој.