Крајна дестинација на авионот била руската воаена база во близина на Латакија во Сирија каде што анасамблот „Александров“ требаше да одржи Новогодишен концерт за руските војници.
Освен членовите на ансамблот „Александров“ во авионот имало осумина членови на екипажот, шестмина воен персонал, деветмина руски новинари и членката на Советот за хуманитарни односи на претседателот Владимир Путин, Елисавета Петровна Глинка која требало да предаде хуманитарна помош во Сирија.
Рускиот министер за транспорт Максим Соколов изјави дека не биле пронајдени преживеани во авионот.
„Покрената е операција за пронаоѓање и спасување. За жал досега не се пронајдени преживеани. И говорејќи од името на владината комисија им изразувам сочувство на сите роднини и блиски на оние што загинаа во оваа несреќа“, рече тој.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин во Санкт Петербург исто така им изрази сочувство на роднините на жртвите во несреќата.
Путин кој беше придружуван од неговиот колега од Казакстан Нурсултан Назарбаев изјави:
„Од владата е побарано да формира комисија која ќе ја води министерот за транспорт. Ќе биде спроведена истрага за причините на несреќата и ќе напарвиме се за да им помогнеме на семејствата на загинатите“, рече тој.
Според министерот за транспорт Максимов, се испитуваат сите можни причини за несреќата.
Меѓу нив и тоа дали временските услови или пак недоволното почитување на безбедносните стандарди на аердоромот биле тие што довеле до несреќата.
Сепак, руските власти ја отфрлаат можноста од тероризам. Истражните органи веќе разговарале со техничкиот перосонал кој го подготвувал авионот да полета од Сочи.
Според Министерството за одбрана, авионот од типот „Ту 154“ бил произведен во 1983 година и имал околу 7 илјади часови летање.
Авионот бил на допоплнителни преправки во декември 2014 година, а последен пат прегледан во септември годинава.