Независен кандидат, претседател на САД?

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Може ли независен кандидат да стане претседател на САД?

Независниот кандидат за претседател Еван Мекмалин почна да ги одвлекува гласовите од кандидатот на републиканците Доналд Трамп во Јута, едно од главните упоришта на Републиканската партија. Доколку овој екс оперативец на ЦИА освои шест изборни гласови што припаѓаат на Јута, а некои анкети тоа и го покажуваат, тој може да го блокира Трамп, но и демократскиот кандидат Хилари Клинтон, да влезат во Белата куќа. Причината лежи во сложениот изборен систем во САД.

Американските избирачи ќе гласаат на 8 ноември, но за таканаречен Изборен колеџ кој всушност го избира претседателот.

Тогаш, врз основа на директното гласање се избираат 538 членови на Изборниот колеџ од 50-те држави и областа Колумбија.

За да се победи на изборите се неопходни двесте седумдесет нивни гласови.

„Ако изборите се тесни и ако шест изборни гласови од Јута одат на кандидатот Еван Мекмалин, тоа разбирливо ќе значи дека другите двајца кандидати ќе немаат мнозинство.“

Ова го вели Тејлор Дарк, професор по политички науки на Калифорнискиот државен универзитет во Лос Анџелес.

„На пример, Хилари Клинтон, може да дојде до 269, Трамп до 263, а шест гласа да има Мекмалин. Никој нема мнозинство во тој момент. Ако никој нема мнозинство, трката ќе се префрли во Претставничкиот дом и започнува сосема нов процес за да се утврди кој треба да биде претседател“, вели тој.

Претставничкиот дом е контролиран од Републиканската партија, но, како што е познато, таа е поделена во врска со нејзиниот пртетседателски кандидат Трамп.

„Непопулраноста на Трамп работи во моја корист“, вели Мекмалин, додавајќи:

„Мислам дека ќе бидеме во можност да ги убедиме републиканците дека треба да не поддржат, бидејќи ние ги споделуваме нивните политички позиции, а Доналд Трамп навистина не“, рече тој.

Според анкетите за проектираните резултати, Клинтон го одржува водството во трката за победа на Изборниот колеџ.

Проекциите велат дека Клинтон ќе освои најмалку 278 изборни гласа, а Трамп најмалку 174.

„Очигледно, во една година како оваа, кој знае што може да се случи. Ако се сведе на Јута да ги спречи двајцата кандидати и дојде до Претставничкиот дом, тоа ќе биде фасцинантна драма и театар. Но, јас не мислам дека тоа ќе се случи на таков начин“, вели Бојд Матесон, претседател во Институтот Сатерленд, наведувајќи дека сепак голем број републиканци во Претставничкиот дом ќе го поддржат нивниот кандидат Трамп.

Последниот пат кога републикански претседателски кандидат загуби во Јута беше убедливата изборна победа на демократот, претседателот Линдон Џонсон во 1964 година.