Изборите во Црна Гора без уверлив победник

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ѓукановиќ: ја одбранивме Црна Гора

Владејачката Демократска партија на социјалистите освои најмногу гласови на парламентарните избори во Црна Гора, но не обезбеди мнозинство сама да формира влада. Прозападниот премиер и лидер на оваа партија Мило Ѓукановиќ најави коалиција со партиите на националните малцинства за натамошно останување на власт.

54-годишниот Мило Ѓукановиќ, кој веќе 24 години е на власт во Црна Гора изјави дека вчерашното гласање било историски избор меѓу поблиски односи со НАТО или со Русија, но гласачите изгледа останаа поделени.

Првичните резултати сугерираат дека неговата партија ќе има околу 36 од 81 место во парламентот, пет помалку од апсолутното мнозинство. Официјалните резултати се очекуваат во наредните неколку денови.

Во обраќањето по одржувањето на изборите, Ѓукановиќ изјави дека ќе се обиде да направи коалиција со партиите на Бошњаците, Хрватите и Албанците за да обезбеди 42 места во парламентот.

Изборните резултати во Црна Гора во која има 620 илјади жители, покажаа колку длабоко е поделена земјата.

Од акцијата на полицијата на Црна Гора за апсење на лице осомничени за планирање напади, Подгорица 16.10.2016.

Црногорците на изборите излегоа во рекорден број и покрај извештаите за нерегуларности на гласачките места и апсењето на 20 срби обвинети за наводен заговор за вооружени напади врз државни институции и функционери.

Властите соопштија дека тие биле уапсени вчера и оти од Србија влегле во Црна Гора за да вршат напади.

Неофицијалните резултати покажуваат дека опозицискиот Демократски форум, заедно со другите партии, традиционално поврзани со Србија и Русија, ќе имаат околу 18 пратенички места. Тие заедно со другите опозициски партии би можело да обезбедат 42 места во парламентот.

Премиерот Ѓукановиќ претходно изјави дека Русија гледа на гласањето како на можност да му попречи на регионот да се вклучи во НАТО и Европската унија.

Опозициските партии ги отфрлија неговите обвинувања дека добивале финансиски средства од Русија и го обвинија дека ја направил Црна Гора во корумпиран личен феудален посед.

„Можеме вечерва со задоволство да кажеме дека Црна Гора продолжува по патот кон сигурна европска иднина, дека во наредните само неколку месеци ќе го ратификуваме пристапниот протокол на Црна Гора во НАТО и ќе донесеме одлука за членство на Црна Гора во НАТО“, рече тој.

Ѓукановиќ најави дека во текот на идниот мандат ќе бидат интензивирани преговорите со Европската унија и оти ќе се покаже дека земјата е подготвена да стане членка на Унијата.

Поддржувачите на Ѓукановиќ велат дека членството во НАТО ќе донесе мир и просперитет, но ова прашање донесе поделби во земјата.

НАТО во 1999 ја бомбардираше Црна Гора година која тогаш беше во сојуз со Србија во интервенцијата за запирање на конфликтот на Косово.

Западните аналитичари веќе подолго време гледаат со загриженост на знаците на растечкото руско влијание во Црна Гора. Некои дипломати велат дека минатогодишната покана за членство во НАТО била дизајнира за да се спречи токму тоа.