Обама - Изборите не смеат да станат реалити шоу

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Обама: авторитарниот Путин му е пример на Трамп

Американскиот претседател Барак Обама возврати на изјавата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп кој го нарече послаб лидер од рускиот претседател Владимир Путин. Според Обама, Соединетите Држави не смеат да дозволат изборите да станат реалити шоу.

Претседателот Обама на еден митинг на демократите во Филаделфија изјави дека Доналд Трамп пред една недела настапил на руската државна телевизија да зборува за американската војска и да му изрази почит на Владимир Путин.

„Можете да замислите Роналд Реган да идеализира некого на ваков начин?“, рече Обама, додавајќи:

„Замислете што и се случило на Републиканската партија. Тие беа против Русија и авторитаризмот, а за борба за слобода и демократија. Сега Трамп го фали Путин, наведувајќи дека бил силен лидер затоа што напаѓа помали држави, ги завора опонентите, го контролира печатот и ја води економијата во долга рецесија“, рече тој.

Обама рече дека работи со Путин и со Русија, но оти тоа било дел од надворешната политика.

„Не одам околу кажувајќи дека тој ми е пример“, изјави Обама кој повика да не се третираат изборите како реално шоу.

„Доналд Трамп секој ден кажува работи за кои може да се каже дека се дисквалификувачки за претседател. И бидејќи ги повторува, печатот се откажува. Крајна линија е што не може да си дозволиме одеднаш ова да го третираме како реално шоу“, рече тој.

Обама настапи на митингот во Филаделфија пред симпатизерите на демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон која се одмара во нејзиниот дом во Чапакуа, Њујорк, откако поради пневмнонија беше принудена на неколку денови да ја прекине кампањата. Се очекува таа во наредните денови да се врати во трката за претседател.

Во меѓувреме, Демократскиот национален комитет објави дека повторно бил цел на напад на руски агенти кои се обидуваат да влијаат врз претседателските избори. Имено, линк до документите беше објавен на Твитер профилот на Викиликс.

„Постои еден човек кој има корист од овие кривични дела, а тоа е Доналд Трамп“, изјави привремениот претседател на Комитетот Дона Бразиле.

Сличен напад имало и во јули годинава за кој се сомничи руската хакерска група, позната како „Фенси беар“.

Токму оваа група во вторникот е осмничена дека влегла и во главната база на податоци на Светската антидопинг агенција.

Агенцијата прецизира дека станува збор за доверливи податоци за медицински испитувања на спортистите во светот. Некои од овие доверливи податоци веќе биле постирани на интернет.

Портпаролот на Кремљ, Димитри Песков, ги отфрли сите можни наводи дека зад нападите стоела руската влада.

Инаку, извори во Демократската партија велат оти Хилари Клинтон била длабоко загрижена од можни објавувања на нови потенцијално незгодни информации за партијата пред претседателските избори на 8 ноември.