Улицата пред Владата во знакот на Шарената револуција

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Шарена револуција, три дена до ултиматумот

По подолго време неколку илјади демонстранти повторно излегоа на протест. Под мотото „Правдата е уставна“ демонстрантите стигнаа пред владата на предупредувачки протест, незадоволни што Уставниот суд на денешната сендица не ја разгледа уставноста на Специјалното јавно обвинителство.

Еднаквост, слобода и правда испишаа демонстрантите во триаголник пред Владата потсетувајќи дека за три дена истекува рокот за исполнување на нивните барања. Улицата пред Владата ја обоија во знакот на шарената револуција, а со два чатала оставија трага и врз фасадата на Владата која неодамна беше исчистена.

Сакат само да украдат пари од граѓаните, сведоштво за тоа е канцеларијата на претседателот

На само три дена пред истекот на рокот демонстранти потсетуваат на нивните две клучни барања. Оценување на уставноста на Специјалното јавно обвинителство и стоп за кривичниот прогон на демонстрантите. Вечерва од говорница на демонстрантите им се обрати и Здравко Савески, професор и член на Левицата кој вчера беше ослободен од куќен притвор им порача дека ако оваа влада и продолжи да ја води оваа земја, Македонија ќе се престори во зандана.

„ Сакат само да украдат пари од граѓаните, сведоштво за тоа е канцеларијата на претседателот, штетата ја проценија на 15 илјади евра, глупости пишуваа во обвинението, само за да можат да земат повеќе пари од граѓаните.“ рече Савески.

Поранешниот македонски дипломат Никола Димитров им порача на демонстрантите да продоложат да го бранат уставот од Претседателот.

„ Слушнав за не знам дали е точно дека ќе се казнува по 600 евра за навреда на претседателоте. Да прашам кој претседател, на што? Претседател на Македонија или на криминалот?“ изјави Димитров

Демонстрантите од „Протестирам“ и „Шарената револуција“ побараа оставка од Владата и претседателот Иванов, ослободување од гонење на сите демонстранти, како и произнесување на Уставниот суд за уставноста на Специјалното обвинителство.