Кина и Германија најотворени за бегалците

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Луѓето сакаат да им помагаат на бегалците

И покрај тоа што го велат нивните влади, граѓаните во светот сакаат да им помагаат на бегалците. Ова е резултатот од најновото истражување, спроведено од Амнести интернешнал со цел детерминирање на тоа колку обичните луѓе се подготвени да помагаат во бегалски кризи.

Најгостопримлива земја за бегалците е Кина, по што следуваат Германија и Британија.

Во првиот извештај за регистрирање на светската прифатливост на бегалците, Амнести интернешнал забележува дека осумдесет насто од 27 илјади испитаници во 27 земји изјавија оти би примиле бегалци во нивните градови, соседство и домови.

Додека еден од десет изјавил дека ќе им дозволи на бегалците да останат кај нив дома, само 17 проценти се против тие да влезат во нивните земји.

Скоро 73 насто од луѓето сметаат дека на оние што бегаат од војна би требало да им биде дозволено да бараат азил во други земји.

„Човечката солидарност е многу видлива и јасна. Луѓето во светот сочувствуваат со оние што се принудени да бегаат од војна или прогон. Тие чувствуваат дека вонредни ситуации бараат вонреден одговор“, вели генералниот секретар на Амнести интернешнал Салил Шети.

Тој оценува дека резултите покажале оти одговорот на повеќето влади на бегалската криза не соодетствува со јавното мислење.

Човечката солидарност е многу видлива и јасна. Луѓето во светот сочувствуваат со оние што се принудени да бегаат од војна или прогон. Тие чувствуваат дека вонредни ситуации бараат вонреден одговор.
Салил Шети, генерален секретар на АИ

„Се соочуваме со криза на лидерството во врска со ова прашање. Немаме многу луѓе како германскиот канцелар Ангела Меркел која се соочи со извесно противење“, рече Шети.

Меркел со месеци е исправена пред обвинувањата дека биле премногу отворена спрема мигрантите. Само лани Германија прими над милион мигранти.

Скоро сите Германци вклучени во анкетата и 87 насто од британците изјавија дека би дозволиле бегалци во нивните земји. Тие најмалку се добредојдени во Русија. Само 61 насто од Русите рекле дека би примиле бегалци во нивната земја.

Според Шети, во Русија мислењето е контролирано од државата, а државните медиуми водат кампања против мигрантите и бегалците.

Полска, Унгарија и другите поранешни комунистички земји сметаат дека имиграција, особено од муслиманскиот Блиски Исток, ќе ги наруши нивните хомогени општества.

Скоро половина од Кинезите вклучени во анкетата изјавиле дека би живееле заедно со бегалци додека 86 насто се согласуваат дека кинеската влада би требало повеќе да им помага на луѓето кои бегаат од војни.

Според Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации, Кина и Русија немаат прифатено сириски бегалци.

Шети смета дека е време лидерите да преземат акција со оглед на тоа што бројот на беглаците во светот достигна рекордно ниво и е над 60 милиони, вклучувајќи и 20 милиони бегалци од Сирија.

„Не можеме да имаме ваков колеблив одговор од криза во криза. Ни треба постојан систем за дистрибуција, базиран врз размена на глобалната одговорност. Ова е повик од луѓето до нивните вклади и тие треба да ги слушаат“, генералниот секретар на Амнести интернешнал Салил Шети.