По вчерашниот шок, Брисел денеска почнува да се враќа во нормалниот живот. Она што е невообичаено, се големиот број безбедносни сили распоредени на сите клучни места во градот. Степенот на готовност е подигнат на највисоко ниво. Дел од жителите на Брисел се уште не можат да се соземат од она што се случи.
Бевме шокирани кога ова се случи во Париз, кога се случуваше на други места. Си велите тука нема да се случи. Но, се случи на 500 метри од тука, тоа не е добро.Александар, студент од Брисел
„Бевме шокирани кога ова се случи во Париз, кога се случуваше на други места. Си велите тука нема да се случи. Но, се случи на 500 метри од тука, тоа не е добро“, вели студентот Александар, кој одеше пеш на работа, бидејќи метрото не работеше.
Терористичките напади во Брисел, кои однесоа над 30 човечки животи, ќе останат врежани во меморијата на луѓето.
„Ова ќе се рефлектира на моето мислење за многу работи, тоа е сигурно. Не можеме да го игнорираме ова“, вели Мишел Син, вработена во Европската комисија.
Сепак, најголемиот дел од оние што живеат во Брисел, без оглед на тоа од каде се, велат дека нема да дозволат терористите да им го сменат начинот на живот.
„Она што се случи вчера е страшно. Како жител на Брисел, навистина е тешко да се опише нешто вакво. Тероризмот доаѓа блиску на застрашувачки начин. Но Брисел е прекрасен град, ние нема да дозволиме нашите животи да зависат од терористите“, вели Линда Ван ден Бош.
Нападите во Брисел имаа одек и во цела Европа, како и во светот. Властите ја зајакнуваат безбедноста на аеродромите и на други клучни места, но повторно се отвора и дебата за европската безбедносна соработка и методите на полицијата.
Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон изјави:
„Ќе се бориме против терористите и насилниот екстремизам, мотивирани повеќе од кога и да е, бидејќи тие луѓе не можат да ги земат нашето општество и нашите вредности. Убеден сум дека ќе победиме во таа битка“, рече тој.