Достапни линкови

Кремљ: Бомба го урнала рускиот авион над Египет


Кремљ: падот на авионот во Египет терористички чин
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:56 0:00

Кремљ: падот на авионот во Египет терористички чин

Бомба од домашно производство го урнала рускиот патнички авион над Египет минатиот месец, соопшти шефот на руската безбедносна служба, Александар Боротников. Според руските власти, јасно е дека станува збор за терористички напад.

„Според нашите експерти, во авионот експлодирала експлозивна направа од рачно производство со јачина еднаква на 1 килограм ТНТ, поради што авионот се распаднал во лет, што објаснува зошто остатоците биле распрскани на толку голема територија. Со сигурност можам да кажам дека станува збор за терористички акт“, изјави шефот на ФСБ Александер Бортников.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ова е еден од најкрвавите акти во модерната руска историја, а како одговор,им нареди на руските воздушни сили да ги интензивираат воздушните напади во Сирија. Путин исто така најави интензивна потрага по осомничените за нападот.

„Ќе ги бараме секаде, каде и да се кријат. Ќе ги најдеме во кој и да било дел од планетата и ќе ги казниме“, рече Путин.

Руските власти понудија награда од 50 милиони долари за информација која ќе води кон „терористите“ кои го извршиле нападот. Сите 224 патници и членови на екипажот, мнозинството руски туристи, загинаа во нападот кој се случи набрзо по полетувањето на леталото од Шарм ел Шеик.

Инаку, милитантната група „Исламската држава“ ја презеде одговорноста за уривањето на рускиот авион преку печатено соопштение, како и видео и аудио пораки постирани на интернет.

  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

XS
SM
MD
LG