Трамп и Клинтон победија во седум од 12 американски држави каде што се одвиваа изборите.
Трамп ги доби републиканските избори во Алабама, Џорџија, Вермонт, Масачусетс, Вирџинија, Арканзас и Тенеси, додека Клинтон победи во Алабама, Џорџија, Тенеси, Тексас, Арканзас, Масачусетс и Вирџинија.
Овие победи им го отвораат патот да обезбедат номинација во нивните партии за претседателските избори на 8 ноември годинава.
Ривалите на Трамп, Тед Круз победи во Тексас и Оклахома, а Марко Рубио во Минесота. Ривалот на Клинтон, Берни Сандерс победи во Вермонт, Оклахома, Колорадо и Минесота.
Обидувањето да се подели Америка помеѓу нас и нив не е во ред, и ние нема да им дозволиме тоа да го сторат.Хилари Клинтон
„Можноста на овие избори никогаш не била поголема, а реториката што ја слушаме од другата страна никогаш не била послаба“, изјави Клинтон пред поддржувачите во Мајами.
„Обидувањето да се подели Америка помеѓу нас и нив не е во ред и ние нема да им дозволиме тоа да го сторат“, рече Клинтон.
Од своја страна, Трамп одговори дека Клинтон, како поранешен сенатор, државен секретар и сопруга на претседател, е олицетворение на политичари од кариера кои, како што рече, ги создадоа проблемите на Вашингтон.
„Таа е таму многу долго“, изјави Трамп во Флорида, ветувајќи им на приврзаниците дека, како што рече, ќе оди во лов по Клинтон.
„Ако таа досега не ги поправи работите, нема да го стори тоа ни во следните четири години“, рече тој.