По текстот „АИ – корумпираност на македонската влада‟, коментарите на нашата веб страница се претвориле во полемика меѓу Незабеган, Пиле и Миле од Охрид за човековите права.
Земјава влегува во период кога „нема да биде доволно само да се тргне фамилијата од ДПМНЕ од власт, туку доколку сакаме во ЕУ и во НАТО треба да се отстранат и сите влијателни структури во останатите партии, во судовите, стопанството, науката, безбедноста... на кои им одговара земјата да остане нивен феуд надвор од ЕУ и НАТО.Коментар на читател.
Прво Незабеган со иронија коментира дека според провладините новинари и експерти сега и Амнести интернешенел ќе излезе дека е финансирана од Сорос. Миле се фали дека му е „познат звукот на агитпроповската музика‟ што сме ја произведувале ние, во Радио Слободна Европа на македонски, како што вели: „со сталинистичко-титоистички застрашувачки ритам‟. Пиле го прозива Милета, освен демагошко-сталинистичките наведувања, да каже нешто и за тоа како ДПМНЕ си предлага и си носи закон со кој претседателот на државата ќе може да помилува лица кои сториле кривично дело во врска со изборите.
Интересни се вашите коментари пред промената на собраниската одлука за распуштање на парламентот и прашањето: „Дали ВМРО-ДПМНЕ ќе оди сама на избори?‟ И тука Незабеган и Миле од Охрид оствариле еден вид полемика. Незабеган напишал: „ВМРО-ДРПМНЕ нека си искочи на избори и нека не се враќа‟, а Миле, веројатно како одговор на ова прашува: „Дали опозицијата предводена од Бејли има храброст да оди на избори?‟
Дали Македонија ќе западне во криза ако имаше избори на 24 април, или ќе западне во криза ако нема избори на тој датум? Двете најголеми партии се со различни ставови, исто како и вие, почитувани. Посетител на нашата веб страница потпишан со Тотална војна од Скопје смета дека земјава влегува во период кога „нема да биде доволно само да се тргне фамилијата од ДПМНЕ од власт, туку доколку сакаме во ЕУ и во НАТО треба да се отстранат и сите влијателни структури во останатите партии, во судовите, стопанството, науката, безбедноста... на кои им одговара земјата да остане нивен феуд надвор од ЕУ и НАТО‟. Миле коментирал дека „доколку СДСМ биде на власт без избори, не ни треба ни држава‟. Пиле пак му одговара на Миле и коментира: „Груевски се исплаши од народот на улица и од губењето на препораката и затоа седна на маса да преговара. Земјата ги загуби сите пријатели за време на нивното толку квалитетно владеење во кое секој ден некој млад човек ја напушта земјата‟, пишува Пиле.