Тед Круз го победи Доналд Трамп

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Тед Круз го победи Доналд Трамп

Републиканскиот сенатор Тед Круз го победи милијардерот Доналд Трамп на првичните внатрепартиски избори во Ајова. Од другата страна, демократите Хилари Клинтон и Берни Сандерс и по првото гласање се во мртва трка како кандидати на претседателските избори во ноември годинава.

Круз, конзервативен сенатор од Тексас, во натпреварот на републиканските претседателски кандидати доби 28 проценти од гласовите, додека бизнисменот Трамп 24 проценти. Марко Рубио е на третото место со 23 насто.

Поранешниот државен секретар Хилари Клинтон и Берни Сандерс, самопрогласениот социјалист во Демократската партија, инаку сенатор од Вермонт, ги поделија гласовите.

Поранешниот гувернер на Мериленд, Мартин О'Мејли, се откажа од кампањата, откако освои помалку од еден процент од гласовите.

Победата на Круз и успехот на Рубио можат да го запрат замавот на Трамп, чија кандидатура го алармира раководството на Републиканската партија и е проследена со многу контроверзни изјави како онаа дека треба привремено да се забрани влезот на муслимани во Соединетите Држави.

Победата на Круз и успехот на Рубио можат да го запрат замавот на Трамп, чија кандидатура го алармира раководството на Републиканската партија и е проследена со многу контроверзни изјави како онаа дека треба привремено да се забрани влезот на муслимани во Соединетите Држави.

„Вечерва е победа на храбрите конзервативци во Ајова и во целата ова наша држава“, изјави 45-годишниот Круз за време на победничкиот говор, кој охрабрен од евангелистичките гласачи му се заблагодари на Бога.

Тој додаде дека резултатите покажуваат оти кандидатот нема да биде избран од медиумите или од лобистите во Вашингтон.

69-годишниот Трамп му честиташе на Круз, додавајќи дека се уште очекува да ја добие номинацијата од републиканците за изборите на 8 ноември.

„Јас сум почестен, навистина сум почестен“, им рече тој на поддржувачите, наведувајќи дека тој ќе победи на следните првични избори во наредната недела во Њу Хемпшир.

Во таборот на демократите, 68-годишната Клинтон изјави дека по објавувањето на резултатите и олеснило.

Таа на овие избори во 2008 година загуби од тогашниот сенатор Барак Обама.

Сепак, Клинтон не прогласи победа во сегашната трка со 74-годишниот Сандерс, кој, пак, изјави:

„Пред девет месеци дојдовме во оваа прекрасна држава. Немавме политичка организација, немавме пари, немавме признавања, а сега сме најмоќна политичка организација во САД“, рече тој.

Најновите резултатите би можело да бидат момент за пресврт во двете трки.

Клинтон се надева на силен финиш против Сандерс за да ја победи неговата бунтовничка кандидатура во партијата.

Што се однесува до републиканските кандидати, аналитичарите сметаат дека се уште е рано да се отпише Доналд Трамп.

Резултатите во Ајова, според нив, покажале дека Тед Круз може успешно ги враќа ударите на Трамп со одлична игра на теренот.

Во Ајова се одржуваат првичните натпревари на партиските кандидати за претседател од почетокот на седумдесеттите години.

Тие му даваат дополнителна тежина на изборниот процес и го мерат пулсот на гласачите за кандидатите. Изборите се одвиваат во 1.100 училишта, цркви и други јавни локации во Ајова.