Депонирана, но не активирана оставка на премиерот Никола Груевски и нерешени прашања за прочистувањето на избирачкиот список и медиумите го пречекаа денеска еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје.
Тој од претпладнево во резиденцијата на Европската унија во Пржино започна со одделни средби со лидерите на четирите партии потписнички на договорот, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи а потоа како и при досегашните посети се очекува и заедничка. Но клучното прашање околу кое разговараат всушност е датумот за изборите дефиниран и во пржинскиот договор и во измените на изборниот законик.
На овие средби ќе ги потсети на нивната обврска да го имплементираат договорот и да обезбедат услови за кредибилни избори според роковите кои се договорени. Во исто време ќе потсети на важноста од спроведување на итните рефоми за кои исто така се согласија.Маја Коцијанчич, ЕУ.
ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот кажан неколкупати дека 24 април е бетониран термин за избори, а СДСМ пак стои на ставот дека по денешната ревизија на спроведеното треба да се утврди дали се исполнети условите за чисти избори.
Според извори вклучени во работната група која ја предводи посредникот Питер Ванхауте вчера немало речиси никаков напредок за прашањата за медиумите и правилникот за избори, па се очекува денеска со Хан да се утврдат насоки за како да се решат овие теми а по неговото заминување работните групи да продолжат со состаноците.
Портпаролката на комесарот Маја Коцијанчич вчера нагласи кои се клучните пораки кои Хан ќе ги донесе во Скопје.
„На овие средби ќе ги потсети на нивната обврска да го имплементираат договорот и да обезбедат услови за кредибилни избори според роковите кои се договорени. Во исто време ќе потсети на важноста од спроведување на итните рефоми за кои исто така се согласија“, рече Коцијанчич.
Дел експерти во јавноста веќе го отворија прашањето колку ќе остане време за сериозна и целосна проверка на избирачкиот список ако изборите останат на 24 април бидејќи во тој случај само нешто повеќе од два месеца ќе останат за прочистување на списокот вклучително и за теренската проверка. Во меѓувреме странските политичари постојано инсистираат на како што велат веродостојни, кредибилни и демократски избори а такви термини неделава употребија американскиот потпретседател Џо Бајден и еврокомесарите при посетата на Скопје. И министерот за надворешни работи на Холандија Берт Коендерс, земја која од први јануари претседава со Европската унија вчера во обраќањето пред комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент нагласи дека сериозно загрижени за кревката политичката ситуација во земјава.
„Спроведувањето на политичкиот договор од јуни/јули, слободни и фер избори во април како и имплементација на итните реформски приоритети од Европската комисија според нас се клучни за враќање на довербата во јавноста и во политичкиот систем“, рече Коендерс.
Според договорот од Пржино денеска истекува и рокот за инаугурација на новата влада кој е предвиден сто дена пред избори но како ќе се одвиваат работи се очекува да стане појасно по средбите на Хан со лидерите.