Презентирано обвинението за случајот „Диво Насеље“

Архивска фотографија.

Судскиот совет за оценка на обвинителниот акт од Основниот суд Скопје 1 одлучува дали ќе го прифати обвинението против 29 луѓе за настаните во Диво Насеље или ќе бара да се преработи.

Огромни полициски сили го обезбедуваа комплексот судови во Скопје, каде што Судскиот совет за оценка на обвинителниот акт од Основниот суд Скопје 1 одлучува дали ќе го прифати обвинението против 29 луѓе за настаните во Диво Насеље или ќе бара да се преработи. Поради просторни услови, рочиштето се одржува во сала на Врховниот суд.

Кон нив прво била фрлена рачна бомба, при што имало и повредени полицајци, а потоа вооружената група кон полициските сили почнала да пука и со автоматски и снајперски пушки. Вооружената група се предала утредента на 10 мај, а 18 луѓе од нив носеле маскирни униформи со ознаки на УЧК.

На почетокот адвокатите на одбраната бараа да се изземе Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, но рочиштето продолжи, а за барањето на одбраната треба да се произнесе Советот на јавни обвинители. Адвокатите на одбраната приговараа што на обвините седум месеци не им била дадена можност да направат увид во доказите. Според нив, не е завршена ниту истражната постапка. Нашите клиенти не се бранат со молчење, тие се спремни да зборуваат, но претходно, со лекарски преглед, да се утврди дека се способни да дадат исказ, рекоа тие.

Обвинетите истакнаа дека не се чувствуваат виновни за делото „тероризам“ за кое се обвинети и дека досега не виделе никаков доказ за тоа за што се товарат.

Обвинителниот акт беше поднесен на почетокот на ноември, а бранителите на обвинетите поднеле приговори зашто сметаат дека обвинението е неосновано.

Обвинителството смета дека 29-темина уапсени, двајца кои избегаа и уште десеттемина кои загинаа во Диво Насеље, уште од почетокот на годината почнале со организација на терористички активности. Целта им била да предизвикаат чувство на несигурност и страв меѓу граѓаните, стои во обвинението.

Дел од групата претходно учествувал и во нападот врз граничната полициска станица Гошинце, на 21 април, од каде беше однесено оружјето, а четворицата полицајци биле врзани. Според обвинителството, против осомничените за нападот врз полициската станица во Гошинце биле спроведени посебни истражни мерки, односно следење и прислушување, од 27 април до 8 мај.

На 9 мај, полицијата, постапувајќи по судска наредба, рано утрото дошла во кумановско Диво Насеље каде што требало да изврши претреси поврзани со кривично дело тероризам, за потрага и апсење по групата што ја нападнала станицата во Гошинце, рече обвинителот Наум Паноски. Според него, тогаш почнале нападите врз полицијата. Кон нив прво била фрлена рачна бомба, при што имало и повредени полицајци, а потоа вооружената група кон полициските сили почнала да пука и со автоматски и снајперски пушки. Вооружената група се предала утредента на 10 мај, а 18 луѓе од нив носеле маскирни униформи со ознаки на УЧК.

Групата беше разбиена во полициската акција на 9-ти и 10-ти мај. Во крвавите престрелки загинаа 8 полицајци од специјалните и посебните единици на МВР, додека 42-ца беа тешко повредени. Полицијата тогаш се пофали дека спровела успешна акција, но неколку дена подоцна оставки поднесоа тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и шефот на УБК Сашо Мијалков. Заедно со нив оставка поднесе и тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески. Сите тројца беа и едни од главните актери во опозициските „бомби“.