Од утрово до попладнево околу 1500 до 2000 економски мигранти протестираат од грчката страна на границата, незадоволни бидејќи не им е дозволен влез во Македонија. Тие во делот околу железничкиот премин на граничниот камен 59 им го блокираат влезот и на бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан. Тие извикуваат слогани како единство, ние сме едно и пеат песни. Повремено фрлаат и камења кон полицијата и палат оган, со цел чадот да го растера полицискиот кордон.
Во последните два дена се интензивираат судирите со економските мигранти на границата, кои секојдневно се обидуваат да ја заобиколат металната ограда, да влезат во Македонија и да го продолжат патот кон побогатите земји од Европската унија.
Новинските агенции известија дека еден мигрант од Мароко на грчката страна на границата починал од струен удар, но безбедносните служби и претставниците на невладините организации од македонска страна не ја потврдуваат таа информација.
Во последните два дена се интензивираат судирите со економските мигранти на границата, кои секојдневно се обидуваат да ја заобиколат металната ограда, да влезат во Македонија и да го продолжат патот кон побогатите земји од Европската унија.
Македонската полиција вчера употреби солзавец против мигрантите кои фрлаа со камења, барајќи да преминат на територија на земјата.
Од неодамна македонската полиција, заедно со безбедносните служби на другите земји од регионот, одлучи да пропуштаа само бегалци од земјите кои се зафатени со војна, како Сирија, Ирак и Авганистан. Но, за економските мигранти од Иран, Мароко и другите земји од Блискиот Исток и Африка и Азија не им е дозволен влез на територијата на Македонија.
Во изминативе 24 часа полицијата извести дека се издадени потврди на околу 2.800 странски државјани. Најмногу од нив се од Сирија. Од јуни годинава издадени се потврди на 300 илјади странски државјани, а во изминативе 24 часа не се поднесени потврди за признавање на правото за азил, соопшти МВР.