Околу 2000 луѓе од грчката страна на границата чекаат влез во Македонија. Група економски мигранти им го блокираат влезот и на бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан. Друга група протестира пред полицискиот кордон. Тие повремено фрлаат камења кон полицијата и палат оган.