Русија ќе продолжи да соработува со САД во Сирија

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Русија ќе продолжи да соработува со САД во Сирија

Русија ќе продолжи да соработува со САД и нивните партнери кои се борат против милитантите на Исламската држава во Сирија. Ова во Москва го изјави рускиот претседател Владимир Путин кој додаде: „Таа соработката ќе биде во опасност ако се повтори турското соборување руски борбени авиони“.

Во изјавата по разговорите во Кремљ со францускиот претседател Франсоа Оланд, Путин го повтори гневот поради турската акција наведувајќи дека во уривањето на авионот гледа како на чин на предавство од земја за која Москва мисли дека и е пријател.

„Постојат технички средства за заштита од ракетни напади, вклучувајќи термичка заштита, специјалисти знаат како тоа се прави. Ние не направивме ниту една, ќе повторам, бидејќи мислевме дека Турција е пријателска држава и едноставно не очекувавме какви било напади од таа страна. Ова е причината зошто сметаме дека овој удар е предавнички“, рече Путин, коментирајќи го соборувањето на рускиот борбен авион.

Тој додаде дека во рамките на веќе воспоставената соработка со американската коалиција, Руската војска ги разгледала деталите на планот на летање на авионот кој беше соборен оваа недела.

„Ние ги информиравме нашите американски колеги однапред за тоа каде, кога и на кој делови нашите пилоти ќе работат. Американската страна, која ја предводи коалицијата знаеше за времето и местото каде што беа нашите авиони. И тогаш бевме удрени. Зошто им ги пренесуваме овие информации на Американците? Или тие не контролираат она што прават нивните сојузници или информациите им протекуваат насекаде“, рече Путин.

Ние ги информиравме нашите американски колеги однапред за тоа каде, кога и на кој делови нашите пилоти ќе работат. Американската страна, која ја предводи коалицијата знаеше за времето и местото каде што беа нашите авиони. И тогаш бевме удрени. Зошто им ги пренесуваме овие информации на Американците?
Владимир Путин, претседател на Русија

Тој сепак наведе дека Русија се уште е подготвена да соработува.

„Ние сме подготвени да соработуваме со коалицијата која е предводена од Соединетите Држави, но се разбира инциденти како овие се апсолутно неприфатливи“, рече Путин, додавајќи дека во спротивно на Русија нема да има потреба за соработка со која било земја.

Тој исто така, потврди дека Русија по соборувањето на авионот ја интензивира воената активност во близина на турската граница. Русија испрати напреден ракетен систем во Сирија за да ги заштити нејзините авиони.

Во меѓувреме, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција поинаку би реагирала ако знаела дека воениот авион, кој беше соборен на сириската граница, бил руски.

„Да знаевме дека тоа беше руски авион, можеби поинаку би го предупредиле“, рече Ердоган за телевизијата Франс 24.

Тој додаде дека рускиот претседател Владимир Путин не одговорил на неговиот повик по инцидентот, кој сериозно ги наруши односите меѓу двете држави.

Инаку на прес конференцијата во Кремљ, Оланд изјави дека двете земји се согласиле да ги напаѓаат само милитантите на Исламската држава.

Западот ја обвинува Москва дека ги напаѓа бунтовничките групи кои се борат против режимот на претседателот Башар ал Асад кој е поддржан од Русија.