Достапни линкови

Руската кампања во Сирија под критики


Крвави последици по воздушните напади врз сириска болница
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:25 0:00

Крвави последици по воздушните напади врз сириска болница

Три недели по воената кампања во Сирија, Русија се соочува со низа обвинувања бидејќи при воздушните напади беа погодени и локални болници, по што загинаа стотици цивили. Медицинска невладина организација и набљудувачка група соопштија дека во рок од четири дена во руските воздушни напади биле погодени три болници во северозападниот дел на Сирија.

Сириската организацијата за човекови права и Сириско - Американската Здравствена Фондација (САМС) соопштија дека во напад на болница во градот Сармин на 20 октомври загинаа 20 лица, а 28 беа повредени. Болницата, според САМС, која менаџира со објектот претрпела тешки оштетувања, а меѓу жртвите имаше и еден психијатар и медицинска сестра.

Портпаролката на руското министерство за одбрана Марија Захарова изјави дека инфромацијата е лажна и оти на Сириската организација за човекови права може да и се верува колку на еден келнер во пицерија.

Но, директорот на болницата на САМС во Сармин, Мухамед Тенари изјави дека објектот веројатно бил директна цел на воздушниот напад и повеќе не се во можност да се грижат за пациентите, поради големите штети кои ги претрпеле.

САМС, која е хуманитарна организација која работи во Сирија, Јордан, Турција и Либан тврди дека тир медицински објекти биле нападнати во Сирија во рок од четири дена.

Руските воздушни напади, според нивното соопштение имале за цел да ги нападнат единствените две болници во Алепо на 18 и 19 октомври за да предизвикаат штети и да ги приунудат пациентите да бидат евакуирани, а објектите затворени.Тие воедно испратија повик до Русија да прекине со нападите на болниците и цивилите во Сирија.

Сириска новинаска агенција јави дека во руските напади била уништено седиште на терористи во Сармин, но без воопшто да ја спомнат болницата.

Руските воени авиони извршија низа напади во покраините Алепо и Идлиб, каде се наоѓа Сармин.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG