Дванаесетте помошници обвинители кои се дел од тимот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска треба да ги побараат предметите од Скопското и од Обвинителството за организиран криминал и потоа да започнат со прегледување на материјалите што произлегуваат од скандалот со прислушување. Тие имат задача да истражат кој и зошто прислушувал, како и да ги проверат иднициите за злоупотреба на службена должност, за мито, корупција и организиран криминал, кои произлегуваат од содржината на разговорите, кои според опозицијата, се водени меѓу владини претставници.
Има многу сериозни наводи за корупција во прислушуваните материјали, има многу врева, сугестии, гласини, приказни за корупција и на други места, и од други извори во Македонија. Има многу материјал за ова, но има многу тенко досие за успех во оваа област.Чарлс Гарет, британски амбасадор во Македонија.
Денот кога Советот на јавни обвнители го одобри дополнувањето на тимот на Јанева, Основниот скопски суд одлучи дека прислушуваните разговори не може да се користат како доказ во истрагата на специјалната обвинителка.
Советот на обвнители соопшти дека Јанева ќе почне со обработка на 27 предмети, додека Јанева пак, не сакаше да презицира за колкава бројка станува збор.
Јанева неодамна изјави дека во Специјалното јавно обвинителство има наплив од странки кои доставуваат информации околу сомевања за криминал.
„Има наплив од страна на странки, но тоа не се предмети кои треба да ги преземеме од страна на државните органи. Значи се однесуваат на разни предмети“, рече Јанева.
Британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет во интервју за Радио Слободна Европа, изјави дека е клучно да и се овозможи на Јанева да ги постигне своите цели без да има блокади, за да има фер процес со јасен и фер исход.
„Предизвикот е голем, наводите се сериозни и тие се однесуваат на широк спектар на луѓе. Има очекувања од многу страни со оглед на тоа дека политичките партии се согласија за специјалниот обвинител дека нејзе треба да ѝ се дозволи да работи за да има јасен и фер исход. “
Тој додава дека во извештајот на Прибе е наведено дека борбата против корупцијата е највисок приоритет во Македонија.
„Има многу сериозни наводи за корупција во прислушуваните материјали, има многу врева, сугестии, гласини, приказни за корупција и на други места, и од други извори во Македонија. Има многу материјал за ова, но има многу тенко досие за успех во оваа област. Ако имате огромна корупција која соодветно не е процесуирана преку судскиот систем, тогаш тоа треба да биде врвен приоритет за Македонија“, рече Герет.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Универзитетскиот професор Башким Селмани вели дека за конечно процесуирање на предметите кои ќе произлезат од Специјалното обвинителство неопходно е и независно судство.
„За виновниците одлучува Судот. Ние знаеме која е постапката, врз кои одредени судии има простор да може да се изманупулираат и да се одреди тие предмети на кои судии да им се паднат. Може тука да има политички позадини во однос на сомневањата. А во однос на сите други постапки кои се предвидуваат, полицијата, Обвинителството и судството, овој синџир мора да функционира беспрекорно за да се донесе конечна пресуда“, вели Селмани.
Тимот на Јанева го сочинуваат Гаврил Бубевски, Ленче Ристевска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро, сите од Основното јавното обвинителство-Скопје, Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за гонење кривични дела од областа на корупцијата и организираниот криминал, како и Бурим Рустени, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев и Фатиме Фетаи.