Охрид ќе развива туризам со швајцарска помош

Меѓу другото ќе биде изработен и безбедносен план за Охрид, а ќе бидат вршени истражувања кои треба да покажат дали и колку туристите се задоволни од нивната посета на Охрид.

Стратегијата за развој на туризмот во период од 2016-2020 година, Охрид ќе ја гради со швајцарска помош. Во овој четиригодишен период Програмата за зголемување на пазарната вработливост „ИМЕ“ на Швајцарската Агенција за развој и соработка ќе обезбеди поддршка за развој на конференцискиот и авантуристички туризам во Охрид. Главната идеја е на Охрид да му помогне да ја развие својата конкурентност како туристичка дестинација.

Крајната цел треба да биде целосно искористување на богатите културни и природни ресурси на охридскиот регион како туристичка дестинација по пат на меѓусебна соработка во процесот на развој и управување со дестинациски менаџмент.
Никола Бакречески, градоначалник на Охрид.

„Во текот на летото најголемите швајцарски тур оператори за велосипедски туризам го посетија Охрид со цел да се зголеми бројот на странски туристи кои престојуваат во Охрид. Владата на Швајцарија, исто така, ќе ја поддржи и првата регионална конференција за авантуристички туризам која ќе се одржи во Охрид во мај 2016. Во тој период Охрид ќе биде место каде ќе се сретнат над 300 најголеми тур-оператори од целиот свет и ќе претставува одлична можност за промоција на Охрид и склучување на договори за соработка“, рече амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Стефано Лазарото.

Меѓу другото ќе биде изработен и безбедносен план за Охрид, а ќе бидат вршени истражувања кои треба да покажат дали и колку туристите се задоволни од нивната посета на Охрид. Станува збор за многу значаен проект за иднината на Охрид и развојот на туризмот, вели првиот човек на градот, градоначалникот Никола Бакрачески.

„Крајната цел треба да биде целосно искористување на богатите културни и природни ресурси на охридскиот регион како туристичка дестинација по пат на меѓусебна соработка во процесот на развој и управување со дестинациски менаџмент. Привлекување на поголем број на туристи од регионалните и меѓународните пазари и статус на главен туристички центар од каде туристите ќе се дисперзираат за да ги истражат и другите туристички дестинации во Македонија, рече Бакрачески.

Розанди Лоу директор на програмата „ИМЕ“ и претставник на СВИС контакт организацијата која ја имплементира програмата, се надева дека Охрид ќе прерасне во дестинација препознатлива во светски рамки.

„Се надеваме дека со нашата со долгорочна и вистинска посветеност ќе го доведеме Охрид до ниво не само на препознатливост на регионално ниво, туку и пошироко во светот.“