Откако Русија започна со воздушни напади врц цели во Сирија, се зголеми ризикот од можен судир со коалицијата, предводена од Соединетите Држави, која исто така извршува воздушни напади врз милитантите на Исламската држава во Сирија. За да се намалат тие ризици, Соединетите Држави и Русија од денеска започнуваат воени консултации. Ова го договорија во Њујорк шефовите на дипломатиите на двете земји, Џон Кери и Сергеј Лавров.
Прва задача за нас е да осигураме дека американската армија и коалицијата од една страна и руската армија од друга, која сега е инволвирана во некои операции во Сирија на барање на сиријската влада, да бидат во контакт за да се избегнат несакани инциденти.Сергеј Лавров, шеф на руската дипломатија.
„Прва задача за нас е да осигураме дека американската армија и коалицијата од една страна и руската армија од друга, која сега е инволвирана во некои операции во Сирија на барање на сиријската влада, да бидат во контакт за да се избегнат несакани инциденти. Второ, разговаравме за политичкиот процес. Сите сакаме Сирија да биде демократска унитарна и секуларна држава, но имаме разлики за тоа како да стигнеме до таа цел“, изјави Сергеј Лавров, по средбата со Кери.
Американскиот државен секретар Џон Кери ја оцени средбата како конструктивна, но ја искажал и загриженоста од руската воената интервенција.
Загрижени сме поради целите на руските воздушни напади. Не сме убедени дека цели се позициите на ИСИЛ.Џон Кери, шеф на американската дипломатија.
„Загрижени сме поради целите на руските воздушни напади. Не сме убедени дека цели се позициите на ИСИЛ“, изјави Кери.
Западот смета дека Русија всушност ги напаѓа бунтовничките сили, кои се борат против силите лојални на претседателот Башар Ал Асад. И Калед Која, претседател на Националната коалиција на сиријските опозициони сили, смета дека Русија настојува да му помогне на Асад и оти не се бори против милитантите на Исламската држава. Тој тврди дека во вчерашните руски воздушни напади во Хомс биле убиени 36 цивили.
„Русија интервенира, не против ИСИЛ, туку да му го продолжи животот на Асад“, изјави Која за Ројтерс.
Ова е прва воена интервенција на Русија надвор од земјите на поранешниот Советски Сојуз од инвазијата врз Авганистан во 1979-та година.
Русија тврди дека цел се терористите и милитантите на Исламската држава. Американски претставници оценуваат дека руската интервенција во Сирија е долевање масло на огнот.
Аналитичарот за национална безбедност и одбрана од Брукингс институтот во Вашингтон, Мајкл О Ханион, оценува дека руската воена интервенција во Сирија е во согласност со карактерот на Владимир Путин како застарен гео-стратешки шахист, кој сака да ја гледа Русија како влијателна на светската сцена.
„Целата ситуација е предизвик за нас да изготвиме нова стратегија, која ќе ја земе предвид реалноста од руското присуство таму и да излеземе со нова парадигма за тоа што сакаме да постигнеме во Сирија“, вели О Ханион.