Лидерите на Соединетите Држави, Франција, Германија, Велика Британија, Ирак, Турција и Саудиска Арабија, на самитот дискутираа за мерките што треба да бидат превземени против милитантите на Исламската држава.
Формирано е глобално движење за битка против насилниот екстремизам и тој ќе биде совладан.Барак Обама, претседател на САД.
Американскиот претседател Барак Обама оцени дека не станува збор за конвенционална битка и оти кампањата ќе трае долго време.
„Нема да биде доволно да се порази Исламската Држава само на бојното поле. Треба да се превземат мерки против регрутирањето и мотивирањето на нивни нови приврзаници. Тоа значи, мора да биде поразена нивната идеологија“, рече Обама.
Треба да бидеме свесни дека најголемиот проблем на денешницата е исламистичкото екстремистичко насилство.Дејвид Камерон, британски премиер.
„Тоа не е лесна цел. ИСИЛ има корени во области кои се нестабилни, во кои има граѓански војни или верски насилства. Но, јас сум оптимист. Во Ирак и во Сирија, ИСИЛ е опколен од држави и меѓународна коалиција, која е решена да го уништи. Формирано е глобално движење за битка против насилниот екстремизам и тој ќе биде совладан“, рече Обама.
Соединетите Држави, Франција и некои други земји учествуваат во воздушните напади против милитантите на Исламската држава во Сирија и во Ирак, на кои, според проценките, има се приклучиле околу 30 илјади странски борци.
Ирачкиот премиер Хајдер Ал Абади истакна дека на неговата земја и е потреба помош, додека пак, британскиот премиер Дејвид Камерон ги повика муслиманските лидери да го осудат ИСИЛ.
„Треба да бидеме свесни дека најголемиот проблем на денешницата е исламистичкото екстремистичко насилство. Тие луѓе тврдат дека дејствуваат во името на исламската религија, што не е точно. Ќе повторам, не е точно. Но, многу помоќно е кога тоа ќе го кажат и лидерите на муслиманските земји“, нагласи Камерон.
Турскиот премиер Ахемт Давутоглу ја посочи Сирија како пример каде што не биле сузбиени корените на екстремизмот, бидејќи, според него, внатрешниот конфликт, раселувањето, расисмот, ксенофобијата, биле плодно тло за етаблирање на терористите.
Министрите за надворешни работи на Франција и на Германија оценија дека најнапред мора да запрат внатрешните борби во Сирија и да се стави фокусот врз справувањето со ИСИЛ, но оти мирот и стабилноста во Сирија не можат да бидат остварени со актуелниот претседател Башар Ал Асад, што е всушност став и на Соединетите Држави.