Љупчо Папучкоски од прилепското село Кривогаштани има 57 години, но откако во транзицијата останал без работа, егзистенцијата ја обезбедува само од земјоделство. Како тричлено семејство, Папучкоски садат тутун и произведуваат градинарски култури, најмногу пиперки. Годинешната берба е со одличен квалитет, вели тој, но откупната цена е многу ниска. Прва класа наместо 30, достигнува едвај 23 денари за килограм.
Сакам државата да преземе и мислам дека може да помогне и да се реши најитно, сега е бербата, ако се решава по еден месец, џабе е сето, ќе пропадне и пиперка и сè и ќе остане на нива ќе скапи.Васко Грашкоски, земјоделец од село Воѓани.
„Проблемот што треба да се реши, треба да го реши државата, има начини. Цената на пиперката не се исплаќа, сам да ја произведам и да ја продадам, штетите се огромни, на оваа цена чиста загуба. Ние сме тројца моментално, вадиме некаде околу 20 тони пиперки и околу 1.5 тони тутун и не можеме да се прехраниме“, се жали Папучкоски.
Реагираат земјоделците и од другите населени места.
Стаса пиперот и во струмичко и овде и дојдовме до една хиперпродукција. Штом имате поголема понуда, а намалена побарувачка, има и пад на цената, она што го кажаа луѓето, точно е дека беше 25 денари, сега се движи од меѓу 16 и 18 денари. Тоа е резултат на состојбите коишто ги имаме моментално во Република Македонија и во регионот.Румен Стаменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.
„Во Хрватска има проблем со царините, камионите се преполни со стока, е сега луѓето имаат набрано стока, таа не трае, е сега доаѓа ред и да скапе, и може да се фрли. Цената во стартот беше многу добра, сега е намалена многу и што се случува каде и да прашаме, одговорот е ќе биде, ќе биде, а од тоа-ништо“, вели Маринчо Ѕвездакоски, земјоделец од Кривогаштани.
„Сакам државата да преземе и мислам дека може да помогне и да се реши најитно, сега е бербата, ако се решава по еден месец, џабе е сето, ќе пропадне и пиперка и сè и ќе остане на нива ќе скапи“, вели Васко Грашкоски од село Воѓани.
„Еве веќе почнува пиперката да скапува, нема што да кажам, тоа е веќе на лице место, презреана е пиперката, а откупување нема“ реагира Љубе Граороски село Крушеани.
И градинарите од кривогаштанско и откупувачите бараат повисоки откупни цени на `капијата`и организиран извоз со државна помош.
„Во моментов се соочуваме навистина со голем проблем, бидејќи секој момент се очекува голем прилив на прва класа црвена пиперка `капија`, така што таа пиперка мора да оди некаде. Државата треба да ги собере откупувачите, домашните преработувачи и да се најде решение, бидејќи треба да се крене цената, навистина е многу ниска. Во договорите никогаш не пишуваме цена, бидејќи не знаеме до која цена ќе дојдеме, тоа е пазарна цена“, вели Рубин Благадуша, сопственик на откупната фирма ДООЕЛ Стефан од Кривогаштани.
Според Државниот инспекторат за земјоделство, оваа ситуација е последица на хиперпродукција во сезона кога на намалена побарувачка на домашниот и странските пазари.
„Стаса пиперот и во струмичко и овде и дојдовме до една хиперпродукција. Штом имате поголема понуда, а намалена побарувачка, има и пад на цената, она што го кажаа луѓето, точно е дека беше 25 денари, сега се движи од меѓу 16 и 18 денари. Тоа е резултат на состојбите коишто ги имаме моментално во Република Македонија и во регионот“, вели Румен Стаменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделство.
Заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиноски при посета на пунктовите во кривогаштанско вети интервенција при секој нерегуларен откуп. Според него, секој спор меѓу откупувачите и земјоделците ќе биде детално анализиран, со цел градинарите да ги добијат ветените 2 денари за секој предаден килограм пиперки.
Но, за земјоделците е најважно да се зголеми откупната цена, за да може воопшто да дојдат до фаза на откуп. А, на нивите во Кривогаштанско чекаат за берба околу 20.000 тони пиперки.