Составот и зголемени овластувања за Државната изборна комисија, начинот на прочистување на избирачкиот список, гласањето на дијаспората и евентуално смени во изборниот модел, се дел од темите што ги дискутира работната група.
Според здравствените картички што се издаваат во Македонија да се евидентира колку здравствени осигуреници има во Македонија и според тоа да се направи некоја проценка дали населението што го има во избирачкиот список соодветствува со бројот на луѓе што се здравствено осигурани во земјава.Митко Гаџовски, политиколог.
Во врска со прочистувањето на избирачкиот список, засега сите опции се отворени, односно теренско пребројување, активна регистрација на самите гласачи и комбинација од двете методи.
Според политиколот Митко Гаџовски, начинот гласачите сами да се пријават во ДИК не е добар, поради тоа што многу луѓе не биле заинтересирани за гласање и немало да се пријават, така што повторно не би се добила реалната слика. Тој додава дека иако теренско пребројување е подобар метод, за негово спроведување не останува многу време до изборите.
Ефикасност на изборниот систем, како и воопшто ефикасност на изборните системи можат да обезбедат само експерти, луѓе кои што си ја знаат својата работа на високо стручно ниво. Затоа лично кога јас би се прашал сепак тоа треба да бидат стручни луѓе.Темелко Ристески, универзитетски професор.
„Има неколку модели што се понудени од страна на некои политички партии, коишто мислам дека се добри. Според здравствените картички што се издаваат во Македонија да се евидентира колку здравствени осигуреници има во Македонија и според тоа да се направи некоја проценка дали населението што го има во избирачкиот список соодветствува со бројот на луѓе што се здравствено осигурани во земјава“, вели Гаџовски.
Според роковите предвидени во договорот од 2 јуни составот на Државната Изборна Комисија требаше да се прегледа и модифицира до 31 јули, термин кој што се пропушти, а до 30 септември на ДИК треба да и се дадат зголемени овластувања за да обезбеди слободни и фер избори како и исто ниво на игра за сите партии. Сега сите очекувања за договор за нов изборен законик се поврзани со шести октомври датумот до кој еврокомесарот Јоханес Хан спомена дека треба политичките партии да се договорат.
Професор Темелко Ристески смета дека најдобро е во составот на Државната изборна комисија да нема партиски кадри.
„Ефикасност на изборниот систем, како и воопшто ефикасност на изборните системи можат да обезбедат само експерти, луѓе кои што си ја знаат својата работа на високо стручно ниво. Затоа лично кога јас би се прашал сепак тоа треба да бидат стручни луѓе“, вели Ристески.
Засега во работната група, како што брифираат извори вклучени во нејзината работа, била спомената можноста составот на ДИК да го сочинуваат тројца претставници на власта, тројца на опозицијата и тројца експерти, но сите прашања вклучувајќи ги и зголемените ингеренции на комисијата се далеку од договор.
Аналитичарите се скептични дека партиите ќе успеат до шести октомври да се договорат лесно, па очекуваат слично како и за специјалниот јавен обвинител договор да се постигне во последен момент и со силно меѓународно посредство.