Достапни линкови

Дилеми околу самопријавувањето за избирачки список


Прочистувањето на избирачкиот список ќе оди тешко, оти нема многу време, велат од ДИК.

Согласно договорот од Пржино работната група разговара за подобрување на состојбата со изборите, а еден од предлозите како што се зборува во јавноста е пререгистрација на избирачите.

Ќе останат многу гласачи кои нема да бидат регистрирани. Многу гласачи се сега и нема да го знаат тоа право дека треба да се пријават за да гласаат. После тоа нема и време да се промовира за да се информираат граѓаните. Времето е кратко.
Субхи Јакупи, Државна изборна комисија.

Со овој модел се создаваат формални претпоставки за прочистување на избирачкиот список, но на терен тоа ќе биде тешко остварливо, вели потпретседaтелот на ДИК Субхи Јакупи. Врз основа на овој модел прочистувањето треба да се прави преку тоа што самите избирачи ќе се пријавуваат за гласање. Но, Јакупи не е убеден дека сите гласачи сами ќе се пријавуваат дополнувајќи дека е кратко времето за да се промовира овој концепт.

„Ќе останат многу гласачи кои нема да бидат регистрирани. Многу гласачи се сега и нема да го знаат тоа право дека треба да се пријават за да гласаат. После тоа нема и време да се промовира за да се информираат граѓаните. Времето е кратко“, вели Јакупи.

Ставот на МОСТ е да се воведе токму ваквиот начин на регистрација па ќе се креира нов избирачки список за кој што единствено ќе биде надлежна ДИК, а не како што досега тоа беше случај да бидат надлежни повеќе институции.
Дарко Алексови, МОСТ.

Дарко Алексов од организацијата МОСТ која ги набљудува изборите изрази поинакви очекувања. Тој објаснува дека постојат пасивен и активен начини на запишување на гласачите во избирачкиот список. Пасивната регистрација е решение кое во моментот во Македонија е валидно и е модел во кој надлежните институции за избирачкиот список граѓаните со право на глас ги запишуваат по автоматизам.

Активната регистрација на гласачи, пак, значи дека државата не задолжена да води евиденција за гласачите туку тоа зависи од тоа дали граѓаните самите ќе се пријават да гласаат.

„Избирачкиот список на некој начин се е креира од самите гласачи“, вели Алексов и дополнува дека постојат повеќе методи како да се спроведе оваа регистрација.

На пример гласачите може да се регистрираат кај локалните власти или изборните органи или пак гласачите се попишуваат во нивните домови. Третата опција е пријавување на гласачите при остварување контакт со некоја институција како што е вадење возачка дозвола или плаќање данок и сл. каде на самиот формулар има прашање за тоа дали конкретниот граѓанин сака да биде запишан во избирачкиот список и тој со штиклирање на тоа прашање одговара.

Во однос на технологијата што се користи кога гласачите сами се пријавуваат за да се запишуваат, Алексов нагласува дека најчесто се користи биометриски скенер на отпечатоци од прст. Ваквиот скенер е предвидено да започне да се користи од 2015 на избирачките места за кои има технички услови за тоа, а од 2019 на сите избирачки места, со цел да се идентификуваат гласачите на самото избирачко место.

Со тоа би се заменило невидливото мастило кое се користеше досега и за кое има дебата. Ставот на „МОСТ“ е дека ваквиот скенер од избирачките места треба да се користи и при регистрирањето на гласачи и таа фаза на податоци да се користи и за контрола кога гласачот ќе се појави на избирачкото место.

„Ставот на МОСТ е да се воведе токму ваквиот начин на регистрација па ќе се креира нов избирачки список за кој што единствено ќе биде надлежна ДИК, а не како што досега тоа беше случај да бидат надлежни повеќе институции.“

Алексов е убеден дека со ова ДИК ќе се здобие со сите нејзини ингеренции во однос на ова прашање и вели дека отсега па натаму точно ќе знаеме да ја лоцираме одговорноста доколку нешто не е во ред со избирачкиот список.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG