Спокојот и летната жега, на еден час до пладне, кога го посетивме селото Грешница, во општина Македонски Брод, ги нарушуваа само ѕвонењата на ѕвончињата на стадото овци, што сопственикот 34 годишниот Горан Секулоски го враќаше од пасиштата во трлото. Тој со сточарство, како што рече, ја обезбедува егзистенцијата за своето петчлено семејство со три деца, откако од Македонски Брод овде одлучил да бара подобри услови за живот.
Кредит за штала да се изгради тоа, значи државата треба кредити да дава, не само субвенции, од нив за нив се тие, од добитокот за добитокот.Горан Секулоски, жител на село Грешница.
„Кредит за штала да се изгради тоа, значи државата треба кредити да дава, не само субвенции, од нив за нив се тие, од добитокот за добитокот“, вели Секулоски.
А, неговото најмало дете, петгодишниот Владимир, што е и најмалиот жител на Грешница, со него го поминува денот и има една желба.
„Количиња имам дома, тракторчиња имам, сакам да си купам тракторче“, вели Владимир.
Неговата сестричка, деветгодишната Викторија и 11 годишниот брат Никола, кои се единствени ученици во селото, секој ден со организиран превоз одат на училиште во соседното село Долно Манастирец.
Минатата година успеаја да доведат водовод, така да сега селово има вода и за потребите на семејствата и за земјоделство, бавча може да се посади. Имаме и асфалтен пат, од регионалниот пат е оддалечен 2,5 километри, има струја.Стојан Секулоски, жител на село Грешница.
Всушност, жителите на Грешница и не се жалат од условите за живот. Велат има асфалтен пат, струја, од минатата година и квалитетно водоснабување.
„Минатата година успеаја да доведат водовод, така да сега селово има вода и за потребите на семејствата и за земјоделство, бавча може да се посади. Имаме и асфалтен пат, од регионалниот пат е оддалечен 2,5 километри, има струја“, вели Стојан Секулоски, пензионер на 67 годишна возраст.
Но, сепак во Грешница има само 10-ина жители. Во лето се враќаат иселените од Скопје, Прилеп и Битола и тука садат земјоделски производи, некои остануваат и до ноември. Кога би имало можност за активност и преку зима велат, повторно би се вратиле на корените.
„Посебните услови има што ги нуди владата на Република Македонија, треба да ги користи месното население за развој на селскиот туризам, за земјоделство, сточарство, ние вршиме промоција на тие мерки и се надевам дека ќе ги искористат и дел од ова иселено население ќе се врати во родниот крај“, вели Милосим Војнески, градоначалник на општина Македонски Брод.
А, во селото Грешница некогаш се живеел убав и весел живот.
„Нема луѓе, имаше многу луѓе тука, ама избегаа, сите отидоа в град, и сега не се враќаат. Тогаш беше убаво, имаше добиток, имаше сè, Петковден се славеше, игранки имаше, ора се играа, Божиќ и Велигден многу го славеа тогаш, сега нема луѓе кој ќе ги слави“, се сеќава Велимир Петрески (87), еден од жителите на село Грешница.