Два месеци без струја живее социјално загрозеното семејството Јашарови од Битола. Електричната енергија им беше исклучена поради неплатен долг од 15 илјади денари. Во семејството поздрава е само мајката Соња Јашарова, додека нејзиниот сопруг Седат веќе неколку пати се лекувал во болницата во Демир Хисар, а болни и се и двете деца Себастијан од церебрална парализа и Декран со лесна ретардација.
Струја немам два месеца. Децата бараат хигиена. Еве ги документите. Едниот син беше на болница зашто го миев со ладна вода и го воспали увото. Не можам да ја платам струјата, имам долгови многу. Одам по црквите, се молам, ми даваат свеќи.Соња Јашарова од Битола.
„Струја немам два месеца. Децата бараат хигиена. Еве ги документите. Едниот син беше на болница зашто го миев со ладна вода и го воспали увото. Не можам да ја платам струјата, имам долгови многу. Одам по црквите, се молам, ми даваат свеќи, понекогаш по 100 денари за да купам плинска боца да можам да зготвам. Не сум ни миена, верувај ќе фатиме вошки. Перам со ладна вода“, вели Соња Јашарова.
Семејството минатата година од државата доби на користење социјален стан. Но, тоа не им ги реши сите проблеми. Месецот го поминуваат со сто евра кои им се збираат од социјалната помош и додатокот за едното болно дете. Парите не им стигаат за да ја платат месечната кирија, сметките и да се прехранат. Така, мајката Соња секој ден патува по шест километри за да земе храна што останува во старскиот дом во Битола.
„Трпиме за храна. Онаа храна што ја носам, бидејќи немаме струја се скиселува и ја фрлам другиот ден. Тие бараат јадење, од каде да им најдам. Од утро до мрак се снаоѓам за нив. Им се молам на народот да ми дадат 50 денари едно јогуртче да земам за децата. Кај има храна во домот, кај нема“, вели Јашарова.
Од Центарот за социјални работи велат дека сè што е во нивна надлежност презеле за семејството. Добило социјален стан, социјална помош, презеле акции за опремување на станот со мебел и друга помош. Од таму му предлагаат на семејството да се договори со ЕВН заостанатиот долг Јашарови да го платат на рати.