Македонските граѓани се соочуваат со невозможна мисија за да го преживеат месецот со плати кои освен за сметки недостасуваат за други потреби. Сојузот на синдикати пресмета дека 530 евра му се потребни на едно семејство за да го преживее месецот, а реалната ситуација покажува дека голем дел од граѓаните имаат потпросечни плати од 12 илјади денари, а камо ли просени во висина од 300 евра. За нив се недостижни тие 500 евра и велат дека е многу тешко да ги заработат. Треба да се бара решение и Македонија не може да си дозволи да чека долго, велат некои луѓе.
Ние сме светски феномени во преживување, мислам дека на друго место вака не се преживува како во Македонија, еве пак преживуваме некако, ама мислам дека уште малку ќе трае ова, мислам дека револтот кај луѓето е голем, не знам.Анкетиран граѓанин.
„Петстотини евра? Јас не знам пријател да зема толку пари, обично е 10 илјади 12 илјади, 15 илјади до 18 илјади, дури знам дека луѓе немаат никакви примања.“
„Споменици, фонтани сите тие работи, нема потреба да се лупаат толку пари, значи може на нешто многу побитно и автоматски може и да се зголемат платите и да дојдат луѓето до 500 евра, а не ние со 200 евра.“
„Ние сме светски феномени во преживување, мислам дека на друго место вака не се преживува како во Македонија, еве пак преживуваме некако, ама мислам дека уште малку ќе трае ова, мислам дека револтот кај луѓето е голем, не знам“, велат анкетираните граѓани.
Дел од граѓаните сметаат дека за да заработат пари доволни за да го преживеат месецот треба да работат без престан во месецот. Други наведуваат дека треба да си снаодлив за да преживееш.
„Многу тешко, дополнително треба да работиш и после работното време, за да преживееш и тоа не стигнува баш многу. 24/7 треба да бидеш активен за да преживееш.
Излезот е нови инвестиции и раст на националната економија што во иднина ќе се преслика на пазарот на трудот, а тоа ќе значи зголемување на платите.Зоран Ивановски, универзитетски професор.
Задолжени сме сите, вадиш од една картичка ставаш на друга картичка, кредити земаш, ама до кога ќе може кредити да се земаат?“
„Струја, вода, парно и ред други работи и не останува, не дај боже на лекар да отидеш“, велат анкетираните граѓани.
Според анализата на Синдикатот ако се направи споредба меѓу просечната месечно нето палта од 348 евра и синдикалната потрошувачка кошница од 530 евра под претпоставка дека тоа се единствени приходи на едно домаќинство, тогаш резултатот е дека на тоа семејство во текот на месецот му недостасуваат 182 евра за да ги покрие основните животни трошоци.
Економистите велат дека стапките на економски раст кои ги оствари Македонија во последните години не се пресликаа врз животниот стандард и оти нивото на плати е под потребно ниво за задоволување на основната кошничка на производи и услуги. Професор Зоран Ивановски објаснува дека тоа е резултат на ниското ниво на инвестиции и ниското ниво на продуктивност на трудот.
„Исто така пазарот на трудот се уште е соочен со поголема понуда што се пресликува на ниското ниво на плати. Излезот е нови инвестиции и раст на националната економија што во иднина ќе се преслика на пазарот на трудот, а тоа ќе значи зголемување на платите.“
Пораката на економистите е дека треба да се отвори и прашањето на дистрибуцијата на доходот во Македонија, но дека треба да има предвид и потребата да се разгледа и можноста за некои измени во социјалната политика за да може најранливите категории граѓани да успеат некако да го поминат што е можно понормално својот живот без да бидат лишени од основните потреби.