Достапни линкови

Десетици илјади евра за патни трошоци за пратениците


За 11 месеци од минатата година за патни трошоци на пратениците им била исплатена сума од околу 1 милион евра.

Сумите од десетици илјади евра што им биле исплатени на некои пратеници за патни трошоци во првите 11 месеци oд минатата година се пример за злoупотреба на функцијата, наглaсуваат експертите.

Голем број на пратеници тоа мајсторски го користеа. Најголемиот број од нив не се членови на соодветна комисија, но ќе одат на седница каде што иако не се членови, присуствуваат на седницата на комисијата и за тоа може да земат патни и дневни трошоци.
Тито Петковски, поранешен пратеник.

Како што коментираат некои од нив, станува збор за неразумни цени со оглед на економската состојба во земјата и нискиот стандард на граѓаните. Тито Петковски, кој има искуство и како поранешен претседател на Собранието, оценува дека огромен број пратеници го искористиле фактот што Собранието во последните две години интензивно работело, со оглед дека, според деловникот, тие имаат право да присуствуваат на сите седници на комисиите и на пленарните седници.

„Голем број на пратеници тоа мајсторски го користеа. Најголемиот број од нив не се членови на соодветна комисија, но ќе одат на седница каде што иако не се членови, присуствуваат на седницата на комисијата и за тоа може да земат патни и дневни трошоци, така што се доаѓаше до енормно високи суми за поедини пратеници, особено оние кои доаѓаат од подалечните градови“, вели Петковски.

Не може да се даваат толку средства на име на трошоци, дотолку повеќе што при службени патувања, освен дневницата на тој што патува му се покриени сите трошоци, од авио-билетот до сместување.
Насер Зибери, поранешен пратеник.

Поранешниот пратеник Насер Зибери ги повика ревизорите да проверат како се потрошени толкави суми за исплата на патни трошоци.

Во меѓувреме, пред еден месец, пратениците си ги зголемија и дневниците од 59 на 74 евра за секој службен пат во странство. Во Авганистан на пример наместо 42 долари ќе им се исплаќаат 116 долари. Зибери вели дека нема разумно оправдување за направените патни трошоци за службени патувања и дека не може парите од буџетот така лесно да се трошат.

„Дневницата во Европа не изнесува повеќе од 150 евра. Не може да се даваат толку средства на име на трошоци, дотолку повеќе што при службени патувања, освен дневницата на тој што патува му се покриени сите трошоци, од авио-билетот до сместување. Значи, дневницата се употребува само за покривање на трошоците за исхрана“, вели Зибери.

Тој ги повика ревизорите да проверат како се потрошиле толкави суми за исплата на патни трошоци.

И за Петковски е неразумно последното зголемување на патните и дневните трошоци за патување надвор, во ситуација кога стандардот на граѓаните паѓа.

„Наспротив огромната сиромаштија, имате бахато однесување кај пратениците, кои мислат само за себе, а не и за граѓаните во чие име се во Собранието“, вели Петковски.

За исплатените патни трошоци реагира и опозицијата, посочувајќи дека дел од пратенците кои стојат на листата наплатиле дебели пари за патни трошоци, а сепак живеат во Скопје, односно имаат куќи и станови во главниот град, па не им е јасно какви патни трошоци наплаќале.

Најмногу пари за патни трошоци добил пратеникот кој наплатил близу 25 илјади евра, додека за 11 месеци од минатата година за патни трошоци на пратениците им била исплатена сума од околу 1 милион евра.

  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG