Лидерите договорија нова лидерска

Во трите реченици пратени до медиумите, партиите информираат дека се сретнале за да ги продолжат дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2-ри јуни.

По повеќе од час долгата средба попладнево во клубот на пратениците никој од четворицата лидери не даде изјава, туку партиите кратко по завршувањето испратија идентично соопштение. Во трите реченици пратени до медиумите тие информираат дека се сретнале за да ги продолжат дискусиите за точната организација на владата што ќе ги подготви изборите, како што е предвидено во шестата точка од договорот од 2-ри јуни.

Во овој контекст лидерите се договорија да се состанат повторно во деновите што следуваат. Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, го претстави владиниот нацрт план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото што е потребно да се спроведат согласно точката 6 од договорот од 2-ри јуни.
соопштение од четирите најголеми политички партии.

„Во овој контекст лидерите се договорија да се состанат повторно во деновите што следуваат. Премиерот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, го претстави владиниот нацрт план за примена на препораките што се однесуваат на системски реформи во областа на владеење на правото што е потребно да се спроведат согласно точката 6 од договорот од 2-ри јуни“, се наведува во соопштението испратено одделно од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ.

На средбата, покрај Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи со своите соработници, како и досега присуствуваа и амбасадорите на ЕУ и САД во Македонија Аиво Орав и Џес Бејли. Премиерот воопшто не стапи во контакт со присутните новинари бидејќи дојде и си замина од друг влез, а Заев одби да даде изјава, но само накусо искоментира дека максимално се труделе да се најде решение, но дека тоа зависело од сите страни.

Денешната средба беше договорена пред точно десет дена и според анексот на договорот од 2 јуни, денеска требаше да се продолжи дискусијата за организацијата на владата што ќе ги подготвува изборите.

Во меѓувреме Заев и Груевски меѓусебно си упатија цврсти пораки. Опозицијата остана на ставот дека може да разговара за која било од точките ако Груевски и неговите соработници за кои како што велат покажале дека имаат криминогени активности заминат од власта. Груевски, пак, повторно нагласи дека не е прифатлива идејата за смена на премиерот, оти, како што рече, граѓаните се тие кои ќе кажат кој ќе биде во Владата, а кој во опозиција.

По денешната средба без договор се очекува слични контакти партиските лидери да имаат во наредниве денови.

Инаку додека лидерите на партиите со возила влегува во дворот на Клубот на пратениците, пред него десетина членови на подмладокот на движењето БЕСА протестираа со транспаренти во рацете исвиркувајќи ги партиските претседатели што одеа на состанокот. Според нив, Ахмети и Тачи на средбите не ги застапувале интересите на Албанците, туку, како што велат, своите лични.